ПРЕТСТАВАТА „МИР“ ОД ЈУЖНА КОРЕЈА ГИ ОСВОИ СИТЕ НАГРАДИ НА ФЕСТИВАЛОТ НА АНТИЧКА ДРАМА „СТОБИ“

October 11, 2024
1 min read

Претставата „Мир“ од театарот „Идиоти“ од Сеул, Јужна Кореја го освои жирито на Фестивалот на античка драма (ФАД) Стоби. Претставата работена според грчкиот драматург Аристофан ги доби сите четири награди на ФАД: Гран при за најдобра претстава, за режија на Ли Сангмјунг и за машка и женска улога како колективна награда за целиот ансамбл.

„’Мир’ ги има сите квалитети на ангажиран театар, во кој блескаат и режијата и индивидуите и ансамблот. Испраќа моќна порака во одбрана на човекот и човештвото, изложени на насилство  и алчноста кои се закануваат да ја сотрат цивилизацијата. Имавме успешен фестивал, со квалитетна програма, публика која уживаше во претставите и задоволни гости“, кажа режисерот Ненад Витанов кој беше член на жирито. Во жирито беше и актерката Маја Љутков, а претседател на жирито режисерот Владимир Милчин.

Актерите од Сеул, преку игра, танц и кореографија на познати музички нумери ја одиграа претставата, што е сосема различно толкување на античката драма во однос на европските видувања.  Во претставата „Мир“ тие испраќаа јасна и недвосмислена порака за поддршка на настраданите и жртвите во војната во Газа.

На 21 издание на ФАД се одиграа пет претстави на театри од Сараево БиХ, Будимпешта Унгарија, Сеул Јужна Кореја, Пловдив Бугарија и Скопје. Бидејќи античкиот театар во локалитетот Стоби се реконструира, неколку години наназад, но и во следните години додека не се завршат конзерваторските работи таму, тој ќе се одржува на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.

П. ПЕЧКОВ

 

 

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФК Вардар доби унгарски сопственик кој дошол по препорака на Миленко Неделковски

Следно

Тошковски: Честит 11 Октомври, борбата и саможртвата на хероите го отворија патот кон слободата што ја уживаме денес

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop