Во Европска куќа Скопје се отвори стрип изложбата „Да ѝ дадеме шанса на инклузијата!“

October 11, 2024
1 min read

Стрип центарот на Македонија од Велес го заврши имплементирањето на циклусот од 5 (пет) изложби, како дел од Грантот “All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“, со завршната изложба којашто беше отворена вчера во просториите на Европската куќа во Скопје.

На изложбите се изложени најдобрите дела од наградниот стрип конкурс на темата инклузија на кој се пријавија 263 млади автори од различни етнички и географски средини.

Воедно, дел од учесниците на овој конкурс учествуваа на неколкудневна стрип работилница во с. Нежилово, Велешко, кадешто ги усовршија и доработија своите стрип дела.

На отворањето на изложбата беше промовиран и соодветниот каталог каде се објавени стриповите, со претставување и на самите автори, нивните училишта и ментори и беа доделени допломи и сертифати за учеството на учениците, на професорите-ментори и на училишта.

Грантот со кој е реализиран овој проект е дел од вториот повик отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Природата ја замати водата во Струмичко, политичарите тешко ја избиструваат, а некои се обидуваат да профитираат

Следно

Демократски сојуз: Балансерот е минато, етничката припадност не смее да биде критериум за вработување

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop