Филипче: СДСМ ќе предложи закон за реално намалување на цените на производите

October 10, 2024
2 mins read

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче во вечерашното интервју во дневникот на КТВ телевизија, најави дека пратеничката група на СДСМ наскоро ќе поднесе предлог Закон до Собранието со кој граѓаните ќе почуствуваат реално намалување на цените на основните производи.

„Гледајќи што се случува, ќе излеземе со предлог Закон за намалување на цените по мехнизам со којшто граѓаните навистина ќе го почуствуваат намалувањето и ќе има намалување на цените. Тој Закон ќе го поднесеме во Собранието заедно со еден друг пакет на закони и ќе се однесува на 241 прозвод кои се во прехранбената кошничка“, рече Филипче.

Во интервјуто, Филипче посочи дека одлуката за предлог Законот е поради тоа што Владата донесе мерка која што нема реален ефект врз намалување на цените.

„Граѓаните мора да се свесни дека ќе имаат се помалку пари во џебовите , сега ќе се соочат и со кризи, ќе има ценовни шокови како што има секоја есен и зима. За жал не гледаме дека Владата нешто презема во тој дел.Најавија и донесоа некакви мерки за замрзнување на цените, но во каков тек на настани? Прво ја најавија мерката, потоа ја повлекоа, оставија период од 7 до 8 дена за согласно тоа најавување продавачите на прехрнабени производи да ги прилагодат цените а некои дури и да ги зголемат и потоа ја имплеметираа таа мерка“, рече Филипче.

При тоа, Филипче посочи дека со владината мерка се опфатени само 70 до 80 производи, за разлика од од мерката во време на Владата на СДСМ, со која во период на најголемите кризи над 500 прехранбени производи од потрошувачката кошничка беа со замрзнати цени.

„Ние мораме да интервенираме бидејќи сметаме дека Владата е во една целосна конфузија и во една тотална безидејност. Оваа Влада работи целосно спротивно на тоа што го најавуваше за време на предизборната кампања и спротивно на интересите на граѓаните“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска е последниот министер во Владата кој ги демантираше изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.

Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за КТВ, потенцирајќи дека Мицкоски и неговите министри испраќаат целосно дисонантни пораки. Тоа се случи во неколку наврати и е поврзано со неколку состојби во  државата, потсетува Филипче.

„Премиерот најави некаква дестабилизација, а министерот за одбрана Владо Мисајловски изјави ‘Не, ситуацијата е стабилна и нема ризик од дестабилизација’. Премиерот најавуваше дека некако ќе сме ја подобреле ситуацијата во преговорите со Европската Унија, министерот Орхан Муртезани од редовите на ВЛЕН кажува дека тоа не е прифатливо во ниту една земја членка на ЕУ“, истакна Филипче.

Последна во редот со демант на мерките што како успех ги претставува Мицкоски е министерката за финансии, Димитриеска-Кочоска, според која мерка за ограничување на маржите нема ефект.
 
„Владата најави и донесе некакви мерки за замрзнување на цените. Меѓутоа, текот на настаните беше следен: Прво, ја најавија мерката, па ја повлекоа. Оставија период од седум до осум денови за согласно најавата продавачите ги прилагодат цените, а некои дури и да ги зголемат и потоа ја имплементираа таа мерка“, појаснува Филипче.

Од ваквиот однос, јасно е дека мерките што ги носи владата, наводно во интерес на граѓаните, немаат никаков ефект бидејќи со нив се опфатени само 70 до 80 производи, вели Филипче и додава:

„Владата на СДСМ донесе мерки во рамки на кои над 500 производи од потрошувачката кошничка беа со замрзнати цени во време на најголемите кризи“.

Филипче во интервјуто најави дека СДСМ во следните недели ќе поднесе предлог-закон за намалување на цените по механизам според кој граѓаните навистина ќе ја почувствуваат разликата и олеснувањето за нивниот буџет. Во овој закон ќе се најдат над 240 производи кои се дел од основната прехранбена кошничка. Покрај овој предлог-закон, Филипче најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе цел сет на закони.

„Ова ќе го направиме бидејќи сметаме дека владата е во една тотална конфузија и безидејност“, потенцира Филипче.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Очекувам ЕУ да има јасна стратегија за нас“, вели Сиљановска Давкова

Следно

80 години Македонска филхармонија – Отворена е јубилејната сезона насловена „Одисеја“

Latest from Blog

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е уапсена 13. осомничена за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград. – Вишото јавно обвинителство

Премиерот Мицкоски утре ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка во Општина Кисела Вода

Ве известуваме дека утре 25.11.2024 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка

Партиската програма на СДСМ, ново лидерство во регионот

Претставувајќи ја новата програма на партијата, на 30. партиски Конгрес, лидерот на СДСМ Венко Филипче, рече дека таа ќе биде темелот за идната социјалдемократска платформа, бидејќи има јасна визија за солидарно, праведно,

Крвав младешки пир во Книн однесе во смрт 25 годишно момче, а четворица рани потешко

Едно лице загина, а уште четворица други се тешко повредени откако експлодираше бомба во хрватскиот град Книн. Несреќата се случила додека десетина млади биле на забава а според првичната истрага на хрватската
Go toTop