Кој е планот на Владата за ЕУ? Ковачевски: Ако Албанија стане членка пред нас може и таа да ни стави услови

October 10, 2024
1 min read

Социјалдемократскиот сојуз го очекува планот на Мицкоски и власта воопшто, за тоа како ќе се продолжи евроинтегративниот пат. Од Владата веќе најавија дека тој нема да биде таен и ќе биде презентиран пред пратениците и во јавноста во кој ќе се бара одложена примена на уставните измени. Сепак велат дека најпрво ќе се чекаат изборите во Бугарија, а потоа ќе се изнесат нови предлози за решение. Поранешниот премиер Димитар Ковачевски во денешната емисија Дејли клик на ТВ1 очекува широка дебата за планот на Владата.

-Сите работи се прифатени. Дали ќе бидат ефектуирани со јасен план за европска интеграција тоа треба да зависи од Владата. Кога ќе го имаат нивниот план подготвен, ние ќе го погледнеме со Собранието, сигурно ќе го видат и други, бидејќи предлогот на француското претседателство, да не заборавиме беше презентиран пред сите политички партии, пред невладини организации пред медиуми, изјави поранешниот премиер Димитар Ковачевски.

По одвојувањето на Македонија од пакетот со Албанија, Ковачевски вели дека нашата држава останува во друштво со Косово и Босна и Херцеговина. Воедно истакна дека мора да се направат чекори напред, за да не се доведеме повторно во состојба доколку Албанија и Црна Гора станат земји членки на Европската унија да добиеме услови и вето и од нив.

-Сега може да ни се случи Црна Гора и Албанија да влезат пред нас. Можете да претпоставите дека Албанија ни е соседна држава нема да има некакво барање? Сега некој ќе каже тие нема да влезат во Европска унија. Истото се зборуваше и кога се влегуваше во НАТО, тие нема да влезат во НАТО. Ама сетете се дека Црна Гора и Албанија влегоа пред нас во НАТО. Која е опасноста? Ако сите овие продолжат ние остануваме во група со Косово и со Босна и Херцеговина. Тоа го зборував тогаш, Косово и Босна и Херцеговина се држави кои што се уште не ги дефинирале своите внатрешни работи, а не па надворешната позиција, вели поранешниот премиер Димитар Ковачевски.

Ковачевски истовремено истакна и дека за Македонија е важно во овие да одиме напред кон Европската унија, најмногу поради геостратешките моменти со војната во Украина. Безбедноста дојде со членството во НАТО, но економскиот просперитет доаѓа со членството во Европската унија, потенцираше Ковачевски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: СДСМ имаше јасен план за ЕУ интеграција, ВМРО-ДПМНЕ нема

Следно

Лефков: Предлозите на СДС за затворени седници се несериозни со цел да се тргне вниманието од нивната неспособност

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop