Димитриеска-Кочовска: Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, се очекува да бидат достапни до Нова година

October 10, 2024
2 mins read

Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнис секторот ќе одат преку Развојната банка која треба да преговара со комерцијалните банки под кои услови ќе им бидат дадени на компаниите. Парите се очекува да бидат достапни до крајот на годинава.

– Во текот на следната недела очекуваме да биде направен преносот на средствата. Тука ќе треба да се направи и прераспределба во рамки на Буџетот. Ние ќе ги префрлиме парите кон Развојната банка на принцип на позајмица и таа понатаму ќе ги пласира. Мојата обврска беше да го потпишам кредитот, да ги обезбедам средствата, да ги префрлам на Развојната банка со склучен договор меѓу Министерството и Развојната банка, а понатаму Развојната банка и луѓето вклучени во целата постапка, треба да си ги преземат обврските и да ја продолжат понатамошната комуникација со комерцијалните банки, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска на прес-конференција во Владата.

Се очекува парите од кредитот, што на 8 октомври беше потпишан во Будимпешта, да бидат достапни за компаниите пред Нова Година. Министерката вели дека такви се очекувањата, но дека се ќе зависи од ангажманот на сите институции инволвирани во процесот.

– Согласно разговорите што сум ги имала со премиерот, очекувам дека годинава тоа ќе биде, но не би знаела како ќе се одвиваат понатаму работите. Можам да гарантирам за нешто што е во рамки на Министерството за финансии, дали и другите така ќе се ангажираат, не можам да гарантирам и како резултат на тоа не можам да ви кажам дали би биле. Очекувањата се дека ќе бидат пред Нова година, рече Димитриеска-Кочовска.

Министерката не открива детали за Предлог-буџетот за 2025 година, но вели дека пари за ЕСМ во новиот буџет не се планирани. Парите ќе треба ЕСМ да ги обезбеди преку комерцијалните банки, а министерката за финансии вели дека банките го поддржуваат секој што има визија и план.

– Останувам на ставот дека пари од Буџетот нема да одат кон ЕСМ, а понатаму ќе видиме дали комерцијалните банки ќе одобрат или нема да одобрат кредити. Мислам дека тоа е веќе договорено и дека помина и на последната владина седница. Бидејќи бев во Будимпешта и целосно посветена на потпишувањето на кредитот, не ја следев комплетно ситуацијата, односно состојбата и одлуките на Владата, но, по мои информации, требаше да биде помината информација за ЕСМ дека ќе си ги обезбедат средствата од синдицирани заеми од комерцијалните банки. Јас воопшто не се сомневам дека имаат можности. Страшното е кога немате план и визија,тогаш ниедна банка не ве поддржува, но ако имате добри бизнис планови како ја гледате иднината на компанијата, тогаш банките може да го сменат размислувањето и да ве поддржат. Суштината е во тоа како ве гледаат и оценуваат банките. Доколку имаат доверба во вас не значи тоа што компанијата е толку задолжена. Точно е тоа дека компанијата буквално е уништена од претходната влада, но благодарение на новиот менаџмент и новиот директор, се реорганизираат и банките тоа го препознаваат, истакна Димитриеска-Кочовска.

Во однос на повратот на ДДВ кон компаниите, Димитриеска-Кочовска не се согласува со тезата дека се доцни. Вели имало многу злоупотреби во изминатиот период и одредени компании се задржани ако има отворени предмети за нив кај надлежните институции.

– Зависи со кого разговарате. Ако прашате некои од компаниите што се многу познати на пазарот и кои биле редовни плаќачи, ќе ви кажат дека повратот на ДДВ се одвива регуларно. Ние знаеме дека во делот на повратот на ДДВ имаше многу злоупотреби и таквите компании се задржани. Да не заборавиме и дека кога директорката на УЈП ја презема позицијата имаше отворени налози во износ над 1,5 милијарда денари. Можеби тие се парите што доцнат и секако има одредени ситуации каде што има компании коишто јас лично сум ги проверувала и коишто се предмет на дополнителни анализи, кога ќе се направат ќе си ги добијат средствата, вели Димитриеска-Кочовска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Со влегувањето на Бугарите во Уставот, се побива тезата дека се работи за еден народ во две држави – тоа е добро за Македонија

Следно

Рафаел Надал заминува во пензија

Latest from Blog

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото

Коњановски: Без силни младински политики нема развој на локалните заедници

Во Битола денеска се одржа четвртата средба на Регионалната платформа за млади, на која учествуваа граѓански организации и градоначалници од Пелагонискиот регион. На настанот се обратија претседателката на Про Локал Емилиа Ѓероска,

ФФМ избра: Гоце Седлоски ќе ја предводи македонската репрезентација

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото

ТРАГИЧНА СУДБИНА НА АКТЕРОТ ЏЕЈМС РЕНСОН Си го одзел животот по години борба со зависност и трауми од детството

Светските медиуми јавуваат за смртта на американскиот актер Џејмс Ренсон, кој извршил самоубиство со бесење. Веста првично ја објави TMZ, а подоцна беше потврдена и од Канцеларијата на медицинскиот испитувач на округот
Go toTop