Вучиќ донесе одлука за зголемување на бројот на специјалните единици

February 14, 2023
1 min read

Српскиот претседател Александар Вучиќ донесе одлука за зголемување на бројот на специјалните единици во Србија.

Одлуката за организациска надградба на специјалните сили на Војската на Србија содржи повеќе елементи.

Еден од нив се однесува на проширувањето на воената организација на Специјалците на Војската на Србија до проектираниот број.

За извршување на оваа одлука министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија ќе ги донесат потребните акти, а самата одлука ќе стапи во сила со денот на нејзиното донесување.

Како што се наведува, одлуката е донесена врз основа на член 24 став 4 од Законот за претседателот на Републиката и член 17 точка 3 од Законот за вооружените сили на Србија, пренесе б.92

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ковачевски: Владиното мнозинство е силно и стабилно, реконструкцијата ќе помине со над 64 гласа

Следно

Граѓаните се жалат: Нападнати 11 жени и обиени 70 станови во Карпош (Фото)

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Имињата на македонските партизани се запишани со златни букви

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на одбележувањето на патронатот на општинската организација на Сојузот на борци на Македонија и на општинската организација на

Божиновска најавува сигурна и стабилна грејна сезона

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска ја истакна важноста на навремена координација и ефикасна соработка меѓу институциите за обезбедување стабилно снабдување со топлина и електрична енергија оваа зима.

Седница на Советот за безбедност на ОН поради упадот на руските дронови во Полска

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се состане денес на разговори за упадите со беспилотни летала во полскиот воздушен простор, што полскиот претседател Карол Навроцки го опиша како обид на Русија

ВРЕДИ: Крај на системот што ги штител злоупотребите – време е за одговорност

Коалицијата ВРЕДИ реагира на, како што велат, долготрајната пракса на корупција и злоупотреби, нагласувајќи дека „време е украдениот имот да се врати кај граѓаните“. Во денешното соопштение тие најавија конкретни институционални мерки
Go toTop