Мицкоски на самитот “Украина-Југоисточна Европа”

October 9, 2024
1 min read

Денес претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе учествува на самитот Украина Југоисточна Европа кој се одржува во Дубровник, Република Хрватска.

Самитот ќе го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а свое излагање ќе има и претседателот на Украина Володомир Зеленски.

Станува збор за трет по ред самит, првиот е одржан во август 2022 година во Атина, вториот во Тирана, Република Албанија. Главната цел е искажување на солидарност и поддршка на Украина.

На овој Самит се најавени претставници од 12 држави од регионот.

Во Македонската делегација која ја предводи премиерот Мицкоски е и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Антикорупциска комисија: Синот на премиерот Мицкоски не престојувал во САД на државен трошок

Следно

Израел допрва ќе ги информира САД за плановите за одговор на иранскиот ракетен напад

Latest from Blog

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за
Go toTop