Од 10 родени деца во Македонија, едно починува од загаден воздух – граѓаните може да ја тужат државата за загаден воздух

October 8, 2024
1 min read

Државата е должна на граѓаните да им обезбеди здрава животна средина, а доколу не бидат преземени дејствија, тогаш се повредува уставно загарантираното право на здрава животна средина, и граѓаните може да ја тужат државата,  се вели во Начелниот став за правото на здрава животна средина и загадувањето на воздухот што денеска го утврди Врхивниот суд на оопшта седница.

„Согласно националната и меѓународна правна регулатива, државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните, кои како странка во управна постапка, можат да бараат да се задолжат надлежните органи, да ги донесат Основните плански документи, од член 23 од Закон за квалитет на амбиенталниот воздух, како Општи акти“, се наведува во Начелниот став.

Во својство на експерт, професорот Борче Давитковски вели дека секој може да бара заштита, и судот мора да носи одлуки кои ќе ги натера надлежните органи да постапуваат согласно Законот за амбиентален воздух. Тој посочи дека во земјата секоја година од загаден воздух умираат од 4.500 до 5.000 граѓани.

„„Ако ги земете изминативе 32 години од кога постоиме, тоа значи дека ние сме изгубиле една десетина од населението само од загаден воздух и никој не одговара и никој не реагира. Втора информација која излезе деновиве е дека од 10 родени деца, едно починува поради загаден воздух во државата“, вели Давитковски. 

Според проценките на ЕЕА, во 2019 година во Северна Македонија 3.400 луѓе починале како резултат на загаденост на воздухот со ПМ2,5 честички; 120 луѓе како резултат на загадување со азотен диоксид; и 90 поради загаденост на воздухот со озон. Доколку земјата почне да ги спроведува новите препораки на Светската здравствена организација за ограничување на аеро-загадувањето со ПМ2,5 честички на ниво на 5 микрограми на кубен метар во текот на годината, проценката е дека би биле спасени 2.500 прерано загубени животи.   

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лидерите од регионот порачаа: Европската унија не е целосна без Западен Балкан

Следно

ОК Струмица со убедлива победа го почна настапот во ЦЕВ купот

Latest from Blog

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е уапсена 13. осомничена за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград. – Вишото јавно обвинителство

Премиерот Мицкоски утре ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка во Општина Кисела Вода

Ве известуваме дека утре 25.11.2024 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка

Партиската програма на СДСМ, ново лидерство во регионот

Претставувајќи ја новата програма на партијата, на 30. партиски Конгрес, лидерот на СДСМ Венко Филипче, рече дека таа ќе биде темелот за идната социјалдемократска платформа, бидејќи има јасна визија за солидарно, праведно,

Крвав младешки пир во Книн однесе во смрт 25 годишно момче, а четворица рани потешко

Едно лице загина, а уште четворица други се тешко повредени откако експлодираше бомба во хрватскиот град Книн. Несреќата се случила додека десетина млади биле на забава а според првичната истрага на хрватската
Go toTop