Муртезани: Македонија мора да го заштити процесот по уставните измени

October 8, 2024
1 min read

Дали Протоколот со Бугарија, ќе биде фокус на македонската влада, за гаранции од ЕУ? Министерот Муртезани денеска не даде конкретен одговор – какви гаранции ќе бара владата од Брисел, во писмото кое ќе го испрати до европските институции.

Вели дека писмото се уште не е напишано – а кога ќе биде, владата нема да брза да го објави, пред да завршат изборите во Бугарија. Порача дека не е работата на ЕУ да гарантира нешто, туку дека тие како Влада се должни да го заштитат интересот на граѓаните и  државата 

– Ние се обидуваме да го заштитиме процесот после уставните измени. И премиерот во неколку наврати и владата, има спомнато дека не е спорно да се донесат уставните измени, меѓутоа ние сакаме да бидеме сигурни, дека процесот, понатаму, нема да биде предмет на дополнителни блокади. – Орхан Муртезани министер за европски прашања.

Муртезани повтори дека во Брисел нема слух за уставни измени со одложено дејство, иако не ја исклучи можноста тие повторно да бидат дел од владината идеја, која ќе се презентира во ЕУ. Сепак, според Муртезани, фокусот на владата сега е да се осигури дека Договорот за добрососедство и Протоколите, поради различната унилатерална интерпретација на Бугарија, нема да станат и европска позиција. 

– Ако ги гледате, не Договорот за добрососедство туку Протоколот со Бугарија, гледате дека има огромни можности за дополнителни блокади. Ние како влада, ако сметаме дека постои таков ризик и дека со надминување на сегашниот чекор само ќе ја поместиме уште еднаш блокадата понатаму, треба да ги исцрпиме сите можности за да обезбедиме некакви гаранции дека нема да бидеме повторно предмет на блокади. – Орхан Муртезани министер за европски прашања.

Орхан Муртезани денеска порача дека тече рокот од 6 месеци, кој коалицијата Вреди и го даде на владата, за да понуди решение за излез од блокадата на евроинтегративниот процес. Изјави дека сега сѐ уште е четвртиот чесец, а кога ќе стигне крајот, владиниот коалиционер ќе ги разгледа алтернативите и ќе одлучи какви чекори ќе преземе.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трагедија: Почина уште еден атлетичар, бил пронајден мртов

Следно

Сведочењето на детето убиец продолжува на 17 октомври, според адвокатите едно од најстресните сослушувања во кариерите

Latest from Blog

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,
Go toTop