ЌЕ ЧЕКАМЕ ДОЛГО ЗА СЛЕДНИОТ СПОЕН ВИКЕНД – до крајот на јануари не очекува уште еден неработен ден, еве кој месец има рекордни неработни денови

January 8, 2023
1 min read

По двата споени викенди, до крајот на јануари има уште еден празник, а тоа е Богојавление (Водици) кој се празнува на 19 јануари во четврток, а потоа за следните продолжени викенди ќе почекаме цели два месеци.

Април (подолг Велигденски одмор и продолжен викенд за Бајрам)

Во април оваа година ни е Велигден. Празникот се паѓа на 16 април. Како и секоја година, неработни ќе бидат 4 дена околу овој празник, во кои е вклучен и еден викенд. Нема да се работи 14 април кога е Велики Петок а по викендот неработен ќе биде и вториот ден на Велигден, односно 17 април, понеделник.

Во овој месец неработен за сите граѓани е и 21 април кога се празнува Рамазан Бајрам. Денот се паѓа во петок што значи дека ќе имаме продолжен викенд.

Мај (продолжен викенд за Денот на трудот)

Во мај уште на почетокот на месецот имаме продолжен викенд. 1 мај се паѓа во понеделник, што значи дека заедно со викендот тоа ќе биде добра можност да се испланира некое патување.

Во мај има уште еден неработен ден, на 24 мај, Денот на сесловенските просветители Св. Крил и Методиј. Овој ден се паѓа во среда.

Јуни (продолжен викенд за Духовден)

Во јуни граѓаните од православна вероисповед имаат еден неработен ден а тоа е 2 јуни, кога се одбележува Духовден. Неработниот ден е во петок, што значи дека ќе има можност за уште еден продолжен викенд.

Август (продолжен викенд за Успение на Пресвета Богородица)

Во август имаме 2 неработни денови. Првиот е за Денот на Републиката, на 2 август. Денот се паѓа во среда.
Вториот неработен ден ќе ни донесе и продолжен викенд бидејќи Голема Богородица се паѓа на 28 август, во понеделник што значи дека тоа ќе биде уште еден продолжен викенд.

Септември (продолжен викенд за Денот на независноста)

Во септември имаме уште една добра можност за некој краток одмор на крајот од летото бидејќи 8ми септември, Денот на независноста се паѓа во петок.

Октомври (продолжен викенд за Денот на ВМРО)

Во октомври има два неработни дена. Првиот е на 11 октовмри Денот на народното востание и овој ден се паѓа во среда.
Вториот неработен ден е нова можност за продолжен викенд, бидејќи Денот на ВМРО се паѓа на 23 октомври, понеделник.

Декември (продолжен викенд за Св Климент Охридски)

Во декември неработен е 8 декември, петок поради прославата на Св. Климент Охридски што е нова можност за продолжен викенд).

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Приврзаниците на Болсонаро упаднаа во бразилскиот Конгрес

Следно

(ВИДЕО) Сведоштво за Пеленица: Се лизгавме на депонијата, не знаејќи дека е загадена со линдан

Latest from Blog

Еден од најмоќните луѓе во Иран, Али Лариџани, ликвидиран во напад

Али Лариџани, син на шиитски правник, во текот на својата кариера извршувал повеќе високи функции во Исламската Република Иран, најново како секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Лариџани беше

Со фалсификувани документи за „Мерцедес-Мајбах“, државниот буџет оштетен за 1,9 милиони денари

Луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што државниот буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари, откри Одделението

БИЗНИСМЕН СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО НА ДОНАТОРСКА ВЕЧЕРА ВО ВИЛАТА НА ТРАМП: Никола Андреевски на настан за кандидат за Конгресот на САД

Американскиот бизнисмен со македонско потекло Никола Андреевски од Чикаго присуствуваше на донаторски политички настан во познатата резиденција Мар-а-Лаго, која е во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп. Настанот бил организиран како поддршка

ЛШ – 1/8 финале: Сити и Челзи во (не)возможна мисија, Бодо/Глимт става печат на пласман во четвртфиналето!(ФОТО)

фото:facebook.com/mancity Вечерва се играат четири реванш натпревари од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. И повеќе од јасно е дека сите погледи ќе бидат свртени кон „Етихад“ каде Манчестер Сити го дочекува
Go toTop