Трагедија: Почина уште еден атлетичар, бил пронајден мртов

October 8, 2024
1 min read

Кенискиот атлетичар и поранешен африкански шампион во 3.000 метри стиплчез Клемент Кембои (32) е пронајден мртов, објавија денеска локалните медиуми.

Тоа е нова смрт во кениската атлетика, само два дена откако почина 26-годишниот Кипјегон Бет, кој освои бронзен медал на 800 метри на Светското првенство во 2017 година. Бет почина во неделата од здравствени компликации кои предизвикаа откажување на бубрезите и црниот дроб.

Причината за смртта на Кембои сè уште не е официјално потврдена, иако локалната полиција најави дека најверојатно станува збор за самоубиство. Неговото мртво тело било пронајдено врзано за дрво во близина на средно училиште.

Кениските медиуми претходно пишуваа дека Кембои минува низ тежок период на депресијата и оти овој успешен спортист се борел со зависноста од коцкање.

Ова е петти смртен случај во кениската атлетика во последниот еден месец. Претходно починаа и 53-годишниот Самсон Канди, поранешен победник на Виенскиот маратон, 20-годишниот тркач Вили Челава и 64-годишниот Елаја Биток. ег

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ одобри помош од над 1 милијарда долари за санирање на штетите од поплавите во 5 земји

Следно

Муртезани: Македонија мора да го заштити процесот по уставните измени

Latest from Blog

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,
Go toTop