ЕУ одобри помош од над 1 милијарда долари за санирање на штетите од поплавите во 5 земји

October 8, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Европскиот парламент денес одобри помош од над 1 милијарда евра од Фондот за солидарност на ЕУ (EUSF) за помош на пет земји во нивното закрепнување од тешките поплави во 2023 година, јавува Анадолу.

Помошта ќе биде дистрибуирана меѓу Италија, Словенија, Австрија, Грција и Франција за да помогне во поправката на инфраструктурата, да се заштити културното наследство и да се поддржат напорите за чистење, соопшти Парламентот.

Италија ќе добие најголем дел, 378,8 милиони евра, за регионот Емилија-Ромања и 67,8 милиони евра за Тоскана.

На Словенија ќе ѝ бидат доделени 428,4 милиони евра, додека Грција и Франција ќе добијат 101,5 милиони евра, односно 46,7 милиони евра.

Австрија, исто така, ќе добие 5,2 милиони евра помош.

Изразувајќи ја својата „најдлабока солидарност со сите жртви“, европратениците ја истакнаа зголемената фреквенција на природни катастрофи низ Европа.

Тие побараа проширување на буџетот на ЕУСФ, наведувајќи дека „претстојниот предлог на Комисијата за новата повеќегодишна финансиска рамка“ треба да даде одговор за овие растечки предизвици.

Пакетот помош беше одобрен со големо мнозинство, со 632 гласа „за“.

Од своето основање во 2002 година, ЕУСФ обезбеди преку 8,6 милијарди евра помош за 130 катастрофи во 24 земји членки на ЕУ и четири земји пристапнички.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Работен состанок на директорот на БЈБ Јанев со раководството на СВР Скопје

Следно

Трагедија: Почина уште еден атлетичар, бил пронајден мртов

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop