Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија

October 8, 2024
1 min read

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) деновиве упати предупредување до македонските граѓани да внимаваат при купувањето на пелети за огрев, поради можноста на пазарот да им бидат понудени производи кои не одговараат на декларираните стандарди за квалитет.

Според Горан Трајковски, директор на ДПИ, пазарната инспекција во последниот период открила пелети кои се продавале како висококвалитетни словенечки производи, но во реалноста не потекнуваат од Словенија и не ги исполнуваат барањата за квалитет.

Директорот Трајковски информираше дека инспекциските контроли откриле значителни злоупотреби на пазарот, каде пелети се декларираат како „А1 класа“, што е стандард за највисок квалитет на пелети за домашна употреба.

Во некои случаи, сепак, овие пелети се со значително понизок квалитет и се наменети за индустриска употреба, како што се „А2“ или „Б“ класа.

„Пронајдени се пелети декларирани како словенечки, а немаат врска со Словенија. Пакувани се во други држави, а не соодветствува и квалитетот. Граѓаните мора да знаат кога купуваат каде се пелетите произведени и како се пакувани. Дури тогаш да одлучат да купат зашто во моментов имаме декларирање А1 класа, која може да е А2 или Б, за индустриска употреба“, истакна Трајковски.

Печката на пелети троши од 10 до 15 килограми пелети дневно. Пелетите за време на енергетската криза скокнаа на над 600 денари, но сега може да се најдат и за 190 до 230 денари од вреќа која тежи 15 килограми и тоа со се достава.

Пелетите имаат убедливо најмала емисиона вредност во однос на јагленот, нафтата и огревното дрво и согласно истражувањата греењето со пелети загадува 20 пати помалку отколку со дрва. Употребата на пелети за огрев, во домаќинствата и деловните објекти во земјите од Европската унија од година во година расте. Пелетите треба да се составени од чисто дрво, без лепила, лакови или други хемикалии. Тие треба да имаат одредена големина, облик и густина, за да можат да се запалат и да горат еднакво. Ако пелетите не ги исполнуваат овие критериуми, тие можат да предизвикаат чад, мирис и други штетни емисии, кои негативно влијаат врз здравјето на луѓето и животната средина, велат експертите.

Со субвенциите кои ги даваше Град Скопје и повеќе општини во земјава за купување на печки на пелети, одреден процент на граѓани се преориентираа затоплувањето на станбениот простор да го вршат со овој енергенс. Печката на пелети троши од 10 до 15 килограми пелети дневно. Пелетите за време на енергетската криза скокнаа на над 600 денари, но сега може да се најдат и за 190 до 230 денари од вреќа која тежи 15 килограми и тоа со се достава. ДДВ то за пелетите изнесува 5 отсто.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Објавен извештајот за починатото 14-месечно бебе

Следно

Сиљановска Давкова: Процесот Брдо Бриони треба да ни помогне, оваа чекална наречена Западен Балкан да се испразни преку интегрирање на државите

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop