Јаревски: Парите за општините и стопанството се европски и се финансиска инјекција за нивна поддршка и развој

October 8, 2024
1 min read

„Кредитот е од земја членка на ЕУ односно земја која сега и е претседавач со ЕУ. Станува збор за кредит кој се докажа дека е со исклучително поволни услови за Македонија. Половината ќе биде искористен за проекти за локалната самоуправа, другата половина ќе биде кон директна поддршка за стопанството. На наменски сметки на претходно проекти кои сите општини аплицирале“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски на синоќешното гостување во емисијата „Анализа 24“ на ТВ 24.

Јаревски продолжи и додаде „Сите општини аплицираа на проектот независно од која политичка провиниенција се раководени. Тие проекти откако ќе се разгледаат, се префрлаат парите на наменска сметка и понатаму си имплементира самата општина“.

Пратеникот потенцираше дека нема да има мешање од страна на Владата кон самите општини.

„Парите откако ќе ги добијат самите општини си ја спроведуваат постапката како што е пропишана со закон. Нема да има мешање на страна на извршната власт од Владата кон самите општини меѓутоа сите мерки и инструменти за следење на трошењето на пари си стојат“, дециден е Јаревски.

Јаревски укажа дека трошоците за кредитот од Унгарија се драстично помали.

„Факт е дека за овој кредит трошоците се драстично помали. Орбан беше кај нас и сите дилеми се решени со тоа дека Унгарија нема можност кинески пари да дава, бидејќи тие се наменски кои ќе ги трошат во Унгарија, а европските пари со кои располагаат ќе помогнат за Македонија“, вели Јаревски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

100 дена Влада: Што е затекнато, што е направено? – ВМРО-ДПМНЕ со билборд кампања

Следно

Биктиќи: Владата ги скрати парите за стопанството, а сега ги тера да земаат кредити

Latest from Blog

Муцунски: Услови за уставни измени нема, Берсе оценува наредок од Бугарија за пресудите од Стразбур

Услови за уставни измени нема Причина за тоа е недостатокот на доверба, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски без да прецизира на која држава се однесува недовребата и кој нема кредибилитет

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа најави дека ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за
Go toTop