ДСЗИ и стручна комисија го испитуваат случајот со смртта на 14 – месечното бебе на Детската клиника

October 7, 2024
1 min read

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска во просториите на Универзитетската клиника за детски болести извршиле вонреден надзор на целокупната документација и земале изјави од сите лекари инволвирани во случајот со починатото 14-месечно бебе.

– Стручната истрага продолжува сѐ до расветлување на случајот, се наведува во соопштението, објавено на веб-страницата на Детската клиника.

Министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиуми попладнево рече дека утринава имал состанок со директорот на ДСЗИ и дека инспектори вршат инспекциски надзор на Детската клиника и на Клиниката за респираторни заболувања кај деца „Козле“.

Паралелно со вонредниот инспекциски надзор од ДСЗИ, формирана е и комисијата при Министерството за здравство која треба да го расчисти случајот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инспекторатот ја истражува смртта на 14 месечното бебе, опозицијата бара одговорност, бараат оставка од Таравари

Следно

РК Алкалоид останува перфектен во Суперлигата

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop