Во Струмица, Гостивар и Тетово – небезбедна вода за пиење

October 6, 2024
1 min read

Водата во градските водоводи во Струмица и во Гостивар не е безбедна за пиење поради присуство на колиформни бактерии, локалните самоуправи се должни да обезбедат чиста вода во цистерни.

Струмица е четврт ден без чиста и безбедна вода од водовот откако во петокот „Комуналец“ соопшти дека анализите на Центарот за јавно здравје покажале дека водата содржи недозволени количини манган и бактерии, поради што не е исправна за пиење. По ова инспектор на АХВ со решение ја забрани водата од водоводната мрежа за пиење и за готвење.

И во Гостивар неколку дена е забранета водата од градскиот водовод, а според последните информаци, квалитетот се подобрува. Од петокот се вршат вонредни анализи, откако претходно гостиварски „Комуналец“ соопшти дека поради присуство на бактерии водата не е безбедна за пиење.

Општина Тетово информира за нова промена во водоснабдувањето, односно дека рестрикциите ќе ги има во ноќниот период од еден до четири часот. Оваа информација следува откако во вчера на пладне известија дека од 13 до 15 часот ќе има рестрикција, а како причина наведоа дека прекинат е дотокот на вода од новиот систем од Лешница поради заматување на изворите, па не се доволни количините кои доаѓаат од стариот систем од планинските извори кои изнесуваат 160 литри во секунда. Поради обилните врнежи од дожд што деновиве го зафати Полошкиот регион водата во Гостивар веќе два дена е загадена и не е за пиење, а слична е и ситуацијата во Тетово.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Еуфорија по Новак Ѓоковиќ во Кина, еве како публиката реагира на него (ВИДЕО)

Следно

Мицевски: ДУИ тешко се соочува со реалноста

Latest from Blog

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за
Go toTop