Во БиХ денеска се одржуваат локални избори, освен во пет општини уништени од поплавите

October 6, 2024
1 min read

Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат локални избори, осми од прогласувањето на независноста во 1992 година, на кои се избираат началници на општините и градоначалници на градовите, како и општинските и градските совети и собранија во 143 локални заедници – 111 општини, 32 града и округот Брчко, кој е посебна административна единица.

Вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список на Босна и Херцеговина е 3,4 милиони.

Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина вчера одлучи поради катастрофалните поплави да ги одложи изборите во четири општини на ФБиХ – Јабланица, Коњица, Кисељак, Крешево, а денеска и во целата општина Фојница, место првично утврдените три избирачки места. Изборите во овие општини ќе се одржат кога ќе се исполнат условите, соопшти ЦИК на БиХ.

Изборниот молк во БиХ, што почна вчераутро, трае до затворањето на последното избирачко место вечерва во 19 часот.

На изборите учествуваат 110 политички партии, 386 кандидати се за началник и градоначалник. Повеќе од 25.700 кандидати ќе се борат за пратенички места во парламентите на локалните заедници.

Очекуваните трошоци за изборите се 9,7 милиони евра.

Од 386 кандидати за началници и градоначалници во БиХ, само 29 се жени или 7,5 отсто. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во БиХ денеска се одржуваат локални избори, освен во пет општини на ФБиХ поради поплавите

Следно

Чемвено од Кенија е победник на 20. Виз Ер Скопски маратон, Ивановски го освои третото место

Latest from Blog

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува
Go toTop