Над 20 лица загинаа во поплавите во Босна и Херцеговина

October 5, 2024
1 min read

Над 20 лица загинаа во поплавите во Босна и Херцеговина. Општините Јабланица, Кисељак, Крешево, Коњиќ, Фојница и Долна Јабланица се најпогодените од катастрофата, а според првичните проценки, штетата од поплавите е огромна. Како исчезнати се водат шеснаесет лица, а потрагата по нив продолжи од утрово. 

– Како сите брда да тргнаа кон нас. Слушнав викотници. Траеја неколку минити, а потоа тишина. Тогаш реков, таму се е мртво.

– Станав и излегов на прозор. Беше големо невреме со силен дожд. Видов дека ја нема куќата од пријателите, дека нема и неколку други куќи.

Градоначалникот на Јабланица вели дека се прават надчовечки напори за да се пронајдат исчезнатите лица. 

„За жал, има голем број жртви по невремето, ги бараме исчезнатите. Испраќам искрени изрази на најдлабоко сочувство и поддршка до семејствата на жртвите. Од раните утрински часови на терен се голем број спасувачи и механизација. Даваме се од себе да им помогнеме на сите, да спасиме луѓе и предмети.“ – Дамир Шабановиќ градоначалник на Јабланица.

Владата на Босна и Херцеговина  прогласи состојба на природна катастрофа поради поплавите и свлечиштата што погодија дел од Федерацијата Босна и Херцеговина. Најголем дел од патиштата на подрачјето на Јабланица се непроодни, поширокото подрачје на Коњица е изолирано, а со чамци што ги користат припадниците на вооружените сили на Босна и Херцеговина и Цивилната заштита се евакуираа жителите додека повредените со хеликоптер се префрлаа во болниците.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кузеска: 100 дена Влада, а 300 скандали, најмногу во МВР

Следно

Влатко Ѓорчев: Секој денар од мојот имот има документирано потекло

Latest from Blog

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија
Go toTop