Претседателот Ердоган го испрати во Сомалија бродот за сеизмички истражувања Оруч Реис

October 5, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Истражувачки брод „Оруч Реис“, кој ќе работи во рамките на „Меморандумот за разбирање на полето на сомалиските копнени и морските блокови“ потпишан меѓу Министерството за енергетика и природни ресурси на Република Туркије и Министерството за нафтени и минерални ресурси на Сомалија во март, го напушти Црното Море околу 11 часот по локално време, известува Анадолу.

Церемонијата на испраќање на бродот на кое учествуваше и турскиот претседател Ердоган започна во 14:30 часот по локално време кога бродот пристигна пред претседателската палата Долмабахче во Истанбул.

Претседателот Ердоган го поздрави екипажот на бродот кој мина низ теснецот Босфор.

На церемонија на испраќање присуствуваше и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар.

По церемонијата, бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ отплови за Сомалија.

– Сеизмичка испитувања за нафта и природен гас

Бродот „Оруч Реис“ до брегот на Сомалија ќе плови преку Средоземното Море, Суецкиот Канал и Црвеното Море. Планирано е бродот да плови покрај брегот на Сомалија кон крајот на октомври, каде што ќе врши сеизмички активности во три лиценцирани поморски јурисдикции. Во текот на својата мисија, бродот ќе го придружуваат две фрегати од составот на турската морнарица, како и бродот за поддршка „Заганос-паша“, бродот за поддршка на платформата „Санчар“ и бродот за придружба „Атаман“.

Бродот „Оруч Реис“ ќе изврши тродимензионални сеизмички студии специјално за овие подрачја првпат во три лиценцирани области во близина на брегот на Сомалија. Во текот на овие активности, кои се очекуваат да траат приближно седум месеци, бродот „Оруч реис“ ќе собира податоци и за природниот гас и за нафтата.

Собраните податоци ќе бидат анализирани во Анкара, а дупчењето ќе започне на одредени локации, во зависност од резултатите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Жота за триумф на Ливерпул на Селхурст Парк

Следно

Кузеска: 100 дена Влада, а 300 скандали, најмногу во МВР

Latest from Blog

ВЛЕН утре влегува во нова ера: Пет партии се спојуваат во еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН утре, на 9 Мај – Денот на Европа, ќе одржи Конгрес на обединување на кој пет политички субјекти и официјално ќе донесат одлука да настапуваат како единствен политички субјект во

Реал поведе дисциплинска: Валверде и Чуамени може да добијат и „клоца“ од Мадрид

фото: Transfer News Livе (X) Реал Мадрид ќе преземе сериозни санкции по незапаметениот инцидент на своите фудбалери Федерико Валверде и Орелиен Чуамени. Според информациите од Шпанија, Реал Мадрид ќе покрене дисциплинска постапка

Муцунски: Услови за уставни измени нема, Берсе оценува наредок од Бугарија за пресудите од Стразбур

Услови за уставни измени нема Причина за тоа е недостатокот на доверба, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски без да прецизира на која држава се однесува недовребата и кој нема кредибилитет
Go toTop