14-месечно бебе починало на детската клиника

October 5, 2024
1 min read

14-месечно женско бебе починало утрово на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, објави „Слободен печат“.

Како што пишува „Слободен печат“, бебето било неколку пати одбивано за хоспитализација, иако родителите го носеле во болницата. Секогаш било пуштано дома, без да биде хоспитализирано. Гледајќи дека се одбивани за хоспитален третман, родителите го однеле во Клиниката Козле, од каде состојбата му се влошила и дури тогаш било примено во одделението за интензивна нега на Детската Клиника.

Таткото на починатото бебе сведочел дека лекари од Детската клиника потврдиле дека доколку било навремено хоспитализирано, детето ќе можело да биде спасено, по што тој агресивно изреагирал. Таткото бил исклучително вознемирен и како изјавил за „Слободен печат“ утринава го скршил компјутерот со глава на Детската Клиника после што дошла и полиција. Според неговите зборови наишол на разбирање од полициските службеници, бидејќи и тие прашале зошто бебето навремено не било хоспитализирано.

Телото на бебето било даде на обдукација, а родителите најавуваат дека ќе ги гонат одговорните по судски пат.

Вонреден инспекциски надзор во сите установи каде што 14-месечното бебе било лекувано најавија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со цел да се откријат евентуални пропусти во лекувањето.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија оти утринава во СВР Скопје е пријавено дека на Детската Клиника В.С (29) кој според информациите е татко на починатото бебе, заедно со неговиот 35-годишен брат Б.С. од село Гошинце оштетиле инвентар во болницата откако починало бебето кое пак било донесено со возило на Итната медицинска помош во болницата еден час претходно.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8

Следно

Таткото и чичкото на починатото девојче кршеле инвентар во Детската клиника

Latest from Blog

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија
Go toTop