Израел јави за ракетен напад од Газа, прв во последните два месеци

October 4, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Две ракети се лансирани од Газа кон израелските населби во близина на границата, соопшти денес израелската армија, тврдејќи дека тоа е прв таков напад во речиси два месеци, пренесува Анадолу.

Во соопштението на војската се вели дека по лансирањето на ракетата се огласиле сирени во подрачјето на Кисуфим и Ајн ХаШлоша, во близина на Појасот Газа.

Се наведува дека тоа е прв пат во последните два месеци да се слушнат сирени во јужен Израел.

Меѓутоа, израелските медиуми објавија дека сирените се огласиле во населбите во близина на Газа неколкупати во претходните два месеци, што е спротивно на тврдењата на армијата.

Израелскиот Канал 12 објави дека една од ракетите била пресретната, додека другата паднала на отворен простор без пријавена штета или дополнителни детали.

Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас минатиот 7 октомври.

Оттогаш, според локалните здравствени власти, убиени се над 41.800 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 96.840 се повредени.

Израелската офанзива го расели речиси целото население на територијата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите акции во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Не верувам дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг

Следно

УЕФА го осуди нападот врз првиот човек на ФФМ Муамет Сејдини

Latest from Blog

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана

Блумберг открива детали: Европејците и Русите тајно разговарале за мирот во Украина

Поранешни високи функционери од Обединетото Кралство, Франција и Германија се сретнаа тајно со неименуван поранешен функционер на Кремљ во Виена во јули за да разговараат за можни услови за мировни преговори за

Кои европски земји имаат минималец над 2.000 евра?

Евростат ги објави минималните плати за втората половина од 2026 година, покажувајќи дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата помеѓу јануари и јули 2026 година, додека
Go toTop