Бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ во сабота ќе отплови кон Сомалија

October 4, 2024
2 mins read

АНКАРА (АА) 

Турскиот специјален брод за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ во сабота ќе отплови за Сомалија, јавува Анадолу.

Министерството за енергетика и природни ресурси на Туркије објави дека претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, ќе го прати бродот „Оруч Реис“, кој во сабота ќе помине низ Истанбулскиот Теснец и ќе го продолжи патувањето кон Сомалија.

На церемонијата на испраќање ќе присуствува и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар.

Бродот „Оруч Реис“ до брегот на Сомалија ќе плови преку Средоземното Море, Суецкиот Канал и Црвеното Море. Планирано е бродот да плови покрај брегот на Сомалија кон крајот на октомври, каде што ќе врши сеизмички активности во три лиценцирани поморски јурисдикции. Во текот на својата мисија, бродот ќе го придружуваат две фрегати од составот на турската морнарица, како и бродот за поддршка „Заганос-паша“, бродот за поддршка на платформата „Санчар“ и бродот за придружба „Атаман“.

– Истражувањето ќе трае седум месеци

„Оруч Реис“ ќе изврши тродимензионални сеизмички студии специјално за овие подрачја првпат во три лиценцирани области во близина на брегот на Сомалија. Во текот на овие активности, кои се очекуваат да траат приближно седум месеци, бродот „Оруч реис“ ќе собира податоци и за природниот гас и за нафтата. Собраните податоци ќе бидат анализирани во Анкара, а дупчењето ќе започне на одредени локации, во зависност од резултатите.

Министерот Бајрактар ​​изјави дека компанијата „Туркије Петролери“ има дозвола во Сомалија да истражува морско подрачје со површина од 15.000 квадратни километри.

„Првиот чекор од истражувањето е сеизмичката активност. Заедно со нашиот претседател ќе го пратиме ‘Оруч Реис’ во Сомалија за да спроведе сеизмичко истражување. ‘Оруч Реис’ ќе спроведе 3Д сеизмичка студија што никогаш досега не била изработена во одредена област на поморска јурисдикција. Предвидуваме дека областа во која ‘Оруч Реис’ ќе работи е област со траги од нафта“, додаде Бајрактар.

– Карактеристики на бродот „Оруч Реис“

„Оруч Реис“, изграден во бродоградилиштата во Туркије, започна со работа во 2017 година како производ на турските инженери, техничари и работници во сите фази, од дизајнот до производството. Бродот, кој специјално е дизајниран за потребите на спроведување на геофизички, геолошки, океанографски и хидрографски студии, има должина од 87 метри, широк е 23 метри и со висина од 34 метри.

Бродот со моќен дизел-електричен мотор од 4×2.520 kW, може да врши дводимензионални и тродимензионални сеизмички истражувања при подморско истражување на нафта и природен гас. „Оруч Реис“, кој досега спроведе многу сеизмички активности во морињата, собра тродимензионални и дводимензионални податоци на вкупна површина од 23.000 квадратни километри.

Оваа година Туркије и Сомалија потпишаа меморандуми за разбирање меѓу министерствата и владите. Во рамките на овие договори, турската национална нафтена компанија „Туркије петролери“ доби лиценци за три полиња во сомалиските мориња. Министерството за енергетика и природни ресурси на Туркије планира првпат да спроведе сеизмички активности во три лиценцирани области, од кои секоја претставува површина од околу 5.000 квадратни километри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот на Федерацијата на БиХ, Никшиќ: За жал, има човечки жртви во поплавите

Следно

Меџити за излегувањето на Тачи од Европскиот фронт: Тие не се споија идеолошки, туку за да опстанат на политичката сцена

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop