Поплавени централни делови на повеќе градови во БиХ, најтешка состојбата во Јабланица

October 4, 2024
1 min read

Централните делови на неколку градови во северниот дел на Херцеговина и централна Босна се целосно поплавени, а најтешка е состојбата во Јабланица, која е целосно изолирана поради поплавите.

Во текот на изминатата ноќ, обилните врнежи создадоа порои кои централните делови на повеќе градови ги претворија во реки. Поплавени се станбени и деловни објекти, а сообраќајот е во целосен застој. Според информациите од Градската служба за спасување во Јабланица, влезот и излезот од градот се невозможни.

Прекинати се патните правци кон Мостар и Сараево. На нивната Фејсбук страница е објавено видео кое покажува дека центарот на градот е претворен во река.

Граѓаните се предупредуваат да не ги напуштаат своите домови, а оние кои можат, да се обратат на надлежните служби за помош.

На патиштата има бројни одрони. Слична ситуација е и во соседниот Коњиц. Центарот на Кисељак во централна Босна исто така е поплавен, а тамошниот градоначалник Младен Мишуриќ Рамљак ова го нарече „потоп од библиски размери“.

Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон со седиште во Мостар го оцени состојбата како критична и ги повика граѓаните да не патуваат кон Коњиц и Јабланица.

Најавите од метеоролозите за нови обилни врнежи предизвикуваат дополнителна загриженост.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ишиба: Светот е повеќе поделен од кога било и подготвен за конфронтација

Следно

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со
Go toTop