Ишиба: Светот е повеќе поделен од кога било и подготвен за конфронтација

October 4, 2024
1 min read

Светот е повеќе поделен од кога било и подготвен за конфронтација, изјави новиот јапонски премиер Шигеру Ишиба во својот програмски говор пред Парламентот, пренесоа светските агенции.

-Денешна Украина може да биде предупредување за тоа што може да се случи утре во Источна Азија, рече тој.

Ишиба го постави реторичкото прашање зошто разубедувањето не функционира во Украина.

Тој додаде дека ако се земе предвид ситуацијата на Блискиот Исток, меѓународната заедница станува се поподелена и подготвена за конфронтација.

Во својот говор Ишиба изјави дека е подготвен да го задржи курсот за склучување мировен договор со Русија. Сепак, премиерот истакна дека билатералните односи се во тешка состојба.

Главната пречка за склучување на мировен договор е јужниот дел на Курилските острови. По завршувањето на Втората светска војна, целиот архипелаг стана дел од СССР, но Јапонија ја оспорува сопственоста на островите Итурупа, Кунашира, Шикотана и група мали ненаселени острови. Откако Токио воведе антируски санкции поради ситуацијата во Украина, Русија ги прекина консултациите со Јапонија за мировниот договор. Русија го блокираше и продолжувањето на статусот на Јапонија како партнер во Организацијата за црноморска економска соработка.

Во својот денешен говор, Ишиба ја обвини Русија, но и Кина, за серија прекршувања на воздушниот простор на Јапонија и рече дека неговата земја сега е во најсложената безбедносна ситуација од крајот на Втората светска војна.

Во своето главно обраќање, Ишиба не спомна подготвеност лично да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Во однос на домашната политика, Ишиба изрази загриженост поради нискиот наталитет и падот на населението во Јапонија. Тој го опиша ова како ситуација која се премолчува, но за која е потребна итна акција.

-Нискиот наталитет и падот на населението ги предизвикуваат самите основи на нашата земја, предупреди Ишиба.

Во економска смисла, новиот јапонски премиер рече дека сака да ја зголеми минималната плата во просек за 40 отсто до 2030 година. Целта на мерката ќе биде да се ублажи ефектот од инфлацијата и да се стимулира растот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Малолетник загина, а едно лице е повредено во сообраќајка синоќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Следно

Поплавени централни делови на повеќе градови во БиХ, најтешка состојбата во Јабланица

Latest from Blog

По речиси 90 години, Галуп веќе не ја мери поддршката за американските претседатели

„Галуп“, пионер во анкетите за поддршка на претседателите во Соединетите Американски Држави од 1930-тите, го менува својот фокус поради растечките закани од сегашниот претседател Доналд Трамп против анкетарите кои објавуваат неповолни резултати.

Викендов врнежи од дожд и заладување

Променливото време продолжува да доминира низ Македонија. Според најновите метеоролошки податоци, претстојниот викенд ќе донесе дестабилизација, врнежи од дожд и забележително заладување. Врнежи: Се очекуваат локални врнежи од дожд, кои на места

Корубин: Системски се губат критериумите поради кои Охрид е ставен на листата на заштитени подрачја

Ние во основа ги губиме, да не кажам дека ги изгубивме, причините поради кои Охрид и Охридскиот регион, тоа денеска се три општини – Охрид, Струга и Дебрца, огромна територија, се ставени

Кикс на Арсенал кај Брентфорд, сега Сити е само на -4!

ФОТО:facebook.com/brentfordfootballclub1889/ Арсенал не успеа да победи на гостувањето кај Брентфорд, бидејќи одигра само 1:1 во 26-то коло од Премиер лигата, намалувајќи ја својата предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити на само

Касами најави нова фаза во ВЛЕН по распуштањето на партиското раководство на БЕСА

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови донесе одлука за распуштање на Централното претседателство на партијата, во рамки на процесот за спојување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Претседателот на
Go toTop