Родова еднаковост: За работа на исти позиции, жените добиваат околу 19% пониска плата од мажите

October 2, 2024
1 min read

Жените не се подеднакво конкуретни на пазарот на труд. За работа на исти позиции, жените работнички добиваат околу 19% пониска плата од мажите, а кога се во прашање раководните позиции, разликата е уште подрастична.

Стереотипите, културата, традицијата и верата се главни предизвици кои стојат на патот на жените кон кариерниот успех и правична исплата за својот труд. Ова се дел од заклучоците на дебатата на Женскиот економски форум – Балкан 2024.

Македонија предничи во Европа по застапеност на жените во банкарскиот систем, со 20 -30 отсто и во ИТ секторот, со 30-40 проценти. Најдобро е кога се цени квалитетот, вели Ленка Угриновска, но единствен начин да се превземе приматот од мажите е да се воведат системски мерки кои ќе го зголемат присуството на жените на раководни позиции од 40 до 50 отсто. Во земјава законски е регулирана родовата застепеност во политиката.

Во Македонија, јазот во вработеноста меѓу мажите и жените е речиси двојно поголем од оној во ЕУ, додека родовиот јаз во стапката на активност е 24 процентни поени во корист на мажите. Според извештајот за Македонија на меѓународната трудова организација, родово-базираната дискриминација на работа ги погодува жените повеќе од мажите и е позачестена во приватниот сектор.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анадолу го зазеде своето место на познатиот турски технолошки фестивал ТЕХНОФЕСТ

Следно

24 анализа: Иранско – израелски конфликт

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop