Во сабота јубилејна 20-та „Бела ноќ“ во Скопје

October 1, 2024
1 min read

„Бела ноќ“ по 20-ти јубилеен пат ќе се одржи во сабота (05.10.2024) на неколку локации низ Скопје.

„Посетителите ќе имаат можност да уживаат во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси на десетици локации низ градот“, најавуваат од Град Скопје.

Централната манифестација ќе започне со настап на француската театарска група „Compaigne des quidams“ од Музеј на град Скопје преку улица Македонија, Плоштад Македонија, преку Камени мост па се до паркот Ибни Пајко каде ќе кулминира со 3Д мапинг.

Целосната програма со распоред, локации и учесници може да се погледнат тука. Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите.

Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала a финансиран од Град Скопје.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште утре стабилно и сончеви, од четврток подгответе се за дожд, грмежи и ветер

Следно

ВИДЕО: Терористички напад во Тел Авив, има ранети

Latest from Blog

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,
Go toTop