Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, ни треба силна и конструктивна опозиција

October 1, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во обраќањето по повод 100 дена Влада повторно нагласи дека владината коалиција е стабилна и дека и покрај различните мислења за одредени прашања, сепак сите коалициони партнери се обединети околу стратешките прашања.

Изминатите 100 дена од работата на Владата ги оцени како успешни и рече дека она што го прави горд и задоволен е тоа што сите оние кои добиле шанса, во најголем дел ја исполниле дадената можност без разлика од која политичка партија доаѓаат.

-Коалицијата има двотретинско мнозинство, ова не е коалиција што се бори за својата стабилност. Хармонијата и колегијалниот дух владее во коалицијата, на моменти нормално е да постојат и различни мислења, но тоа не значи дека не се согласуваме за стратешките прашања, рече Мицкоски.

На опозицијата и порача да биде конструктивна и силна и наместо со обвинувања, да се натпреварува со политики кои ќе донесат подобар стандард на граѓаните.

-Има такви кои велат дека ВМРО-ДПМНЕ направило премногу отстапки на коалиционите партнери и такви кои велат дека ВМРО-ДПМНЕ ги поништи своите коалициони партнери. Ги слушам сите тие гласови кои доаѓаат од опозицијата од кои едната се обидува да опстане на политичката сцена, а другата преку националистичка реторика се труди да се врати на политичката сцена. Тие мислат дека ако испраќаат такви пораки ќе внесат раздор и недоверба во таа коалиција. Можам да ги разочарам и да им кажам дека не само што не се успешни, туку таквото нивно однесување го зајакнува заеднички дух. Не смееме да се вратиме кон овие политичари кои поминаа децении во македонската политика, а ќе останат запаметени по корупција и многу предавства на сметка на личните интереси. Нема да навлегувам зошто ДУИ во изминатите 21 година не успеа да ги постигне стратешки цели, зошто СДСМ на лага се обидуваше да ја задржи својата власт. Имам да им порачам на двете партии дека имаме потреба од силна и конструктивна опозиција со која ќе се напреваруваме за политики кои ќе донесат подобар стандард на граѓаните, рече Мицкоски.

Во однос на забелешките дека процесот на именување на кадри оди бавно, премиерот рече дека не треба да се избрзува и дека понекогаш е подобро да се направи еден вистински чекор, отколку да се направат три чекори па потоа да се враќаме пет чекори назад.

-Не можеме да зборуваме за брзина на именување на кадри затоа што многупати во минатото во јавноста имаше критика дека многу брзо се партизирале институциите, многу брзо се именувале партиски кадри, се менувале професионалци… Апсолутно се сложувам со тоа затоа што не секогаш треба да реагирате многу бргу за да покажете некаква силина и дека се што било претходно, не чинело. Покажавме како Влада дека се што било добро од претходната влада, сме го продолжиле како што беше и случајот со странските инвестиции, рече Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Следно

Во првите 100 дена наместо да ги намали јавните трошења, владата создаде нови министерства

Latest from Blog

Здравствената состојба на Брус Вилис се влошува- актерот веќе не ги препознава членовите на семејството

На 70 години, актерот живее со фронтотемпорална деменција (FTD), прогресивно мозочно нарушување кое го трансформираше неговиот живот и ја преобликува реалноста на неговото семејство. Во март 2022 година, семејството на Вилис откри

Британски хирург си ги замрзнувал нозете, за да си ги ампутира- причината за осакатувањето е ужасна

Хопер во бројни интервјуа тврдеше дека морало да му бидат ампутирани двете нозе во 2019 година поради сепса и мистериозна болест. Неговата приказна привлече големо медиумско внимание, па дури и се обидел

Екс – стоперот на Сити „удри“ по Гвардиола!

ФОТО: Manchester City F.C./FB Мануел Аканџи го напушти Манчестер Сити за време на преодниот рок, по што индиректно го обвини Пеп Гвардиола за ситуацијата на „Етихад“. Каталонецот е на удар веќе некое

Сарамандов: Гевгелија ќе продолжи да се развива како успешна, модерна и урбана заедница

Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов на настанот за промоција на својата кандидатура за втор мандат за градоначалник на општина Гевгелија истакна дека се работи посветено за општината да се развива како урбана

Националниот тим подготвен за победа над Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство. По реми натпреварите со Велс и Белгија,
Go toTop