Трет ден активен шумскиот пожар на грчкиот полуостров Пелопонез

October 1, 2024
1 min read

Подобрена е рано утрово ситуацијата со пожарот во северниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез во близина на градот Ксилокастро, откако противпожарните сили цела ноќ се бореа со огнените јазици, евакуирани беа низа населени места, додека пак синоќа превентивно беше затворен автопатот кон и од Атина и кон и од Патра, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот е активен веќе трет ден, доцна синоќа имаше нови и опасни разорувања, а според медиумите во Грција, огнените јазици се протегаат на должина од над 32 километри.

Рано утрово беше испратена порака од бројот 112 за итни случаи за превентивна евакуација на уште едно село во близина на пожарот, додека во текот на вчерашниот ден беа испратени неколку пораки до жителите и оние кои се во близина на седум населени места, исто така за евакуација.

Во гаснењето и интервенираат над 400 пожарникари со 16 пешадиски тима, 123 возила, како и три авиони и пет хеликоптери, а помагаат и волонтери и цистерни од општините.

Во пожарот вчера животот го загубија две лица, двајца мажи на возраст од 35 и 40 години, во обид да му помогнат на пријател, додека пак според грчките медиуми, повредени се и двајца пожарникари.

Министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција Василис Кикиљас преку социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на двајцата загинати и апелираше до граѓаните да ги почитуваат пораките од бројот 112 и да ги следат упатствата на пожарникарите и полицијата и порача дека „шумските пожари се исклучително опасни не само за имотите, туку и за животите на луѓето“.

Пожарот е во северниот дел на полуостровот Пелопонез во близина на градот Ксилокастро меѓу Коринт и Патра.

Во пожарот изгоре огромна шумска површина, која дополнително ќе се проценува, а материјална штета е предизвикана и на куќи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Еуроњуз“: Скопје ќе може да напредува кон ЕУ само ако ги поправи односите со Бугарија

Следно

Ориентациски денови на УКИМ

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop