Бугарија: Преговарачката рамка нема да се менува, уставните измени да се донесат

September 30, 2024
1 min read

Бугарија децидна – преговарачката рамка останува иста, медијација не е потребна. Откако Виктор Орбан на масата стави предлог за решение со Софија – бугарските политичари, веќе трет ден, го штиклираат како неприфатлив. За политичката елита во Софија, европскиот договор е единственото  решение за Македонија да ги продолжи преговорите со ЕУ. 

Бугарскиот европратеник Ковачев, денеска, порача дека главната домашна задача на Македонија е да ја надмине омразата и фалсификувањето на историјата.

– Нема да се укине единствената преговарачка рамка за Република Северна Македонија, без разлика што Виктор Орбан ги нуди своите услуги да биде посредник во спорот со Бугарија. – Андреј Ковачев европратеник на ГЕРБ, за БНР.

Македонската влада да не се надева дека новата политичка влада во Бугарија ќе донесе промена на преговарачката рамка, сите партиите се единствени за македонското прашање, вели Љубомир Ќучуков, поранешниот заменик МНР на Бугарија за ТВ 24.  

– Тоа е прашање меѓу Брисел и Скопје, а не меѓу Скопје и Софија. Веќе претходно има преговарачка рамка, утврдена и од двете страни, која едноставно треба да се исполнува.Кога зборуваме за билатерални односи, јас сметам дека сите канали се отворени за комуникација и за барање на поле за соработка. Се разбира, потребно е да има желба и од двете страни. И не сметам дека е потребно посредништво. – Љубомир Ќучуков директор на Институтот за економија и меѓународни односи и поранешен заменик МНР на Бугарија.

За македонските експерти, не е проблем, во уставот да бидат вметнат 3500 Бугари – проблем е негаторската политика на Софија. 

– Јас очекувам, самата Европска унија, преговорите да ги врати онаму каде што и припаѓаат – во рамките на Копенхашките критериуми и во рамките на вредностите на Европската Унија или да обезбеди гаранција, дека ние нема да бидеме понатаму, на секој чекор, блокирани, со други вакви небулозни барања. – Самоил Малчески универзитетски професор.

Македонија на 19 јули 2022 година го започна првиот дел од првата меѓувладина конференција со ЕУ. Според усвоената преговарачка рамка, за да ги продолжи преговорите со Унијата, мора да ги вметне Бугарите во Уставот.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тага во НБА: Почина легендарниот Дикембе Мутомбо

Следно

Мицкоски им честита на пензионерите: Од утре ќе земаат повисоки пензии

Latest from Blog

Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница – 14,5 милиони денари за спорт и граѓански сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки

ХАОС ВО ИТАЛИЈА – Градовите „паѓаат“ еден по друг, властите алармираат: ЗА ДВА ДЕНА ПОЧНУВА ПЕКОЛОТ

Министерството за здравство на Италија денеска соопшти дека 17 од 27-те најголеми италијански градови за два дена ќе бидат во црвена фаза на аларм поради горештините, како и дека топлотниот бран што

Божиновска: Енергетската стабилност е клучна за економски развој

„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како

Берзански ден во црвено: МБИ10 се намали за 0,53%, Блок-трансакција од речиси 5 милиони денари ја одбележа денешната трговија на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 23.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.651,64 поени. Во однос на претходниот
Go toTop