Израел ги продолжува нападите врз Хезболах – Либан заинтересиран за смирување на ситуацијата

September 29, 2024
1 min read

Убиството на лидерот на Хезболах, нема да помине без одмазда. Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хамнеи го предупреди Израел дека атентатот на првиот човек на либанската организација нема да ја промени ситуацијата на Блискиот исток и порача дека милитантните групи и понатаму ќе продолжат да му се спротивставуваат на Израел со помош на Техеран.

„Единствено нешто што го сакаме е одмазда. Веќе нема место за компромиси. Не може да се избегне ескалацијата на судирот. Мораме да продолжиме напред. Сите сме подготвени.“ – жител на Иран.

„Мораме да се поддржуваме. Треба да бидеме обединети и треба да се одмаздиме. Сакаме брз одговор и дефинитивно ќе се одмаздиме.“ – жителка на Иран.

Израелската војска продолжува со нападите врз позициите на Хезболах во Либан. Утрово извршени нови напади врз југот на земјата. Бенјамин Нетанјаху пак вели дека убиениот лидер на хезболах, бил еден од креаторите на планот за уништување на Израел. Според Нетанјаху, убиството на Насрала е неопходно за да се постигне целта – безбедно враќање на жителите од северот на Израел во своите домови и промена на рамнотежата на силите во регионот.

„Државата Израел го уби Хасан Насрала. Ги израмнивме сметките со одговорните за убиството на голем број Израелци и многу граѓани на други земји, вклучително и стотици Американци и десетици Французи ..Насрала за нас говореше како за „пајажина“. Но, наместо „пајажина“, тој ги откри челичните тетиви на обединетиот и моќен народ решен да го обезбеди своето постоење и иднина. Тоа не го откри само Хезболах, туку и целиот Блиски Исток.“ – Бенјамин Нетанјаху премиер на Израел.

Од израерлската армија тврдат и дека заедно со Насрала, биле убиени и  уште 20 други високи функционери на Хезболах кои биле негова придружба. Либанскиот премиер Наџиб Макати  предупредува дека доколку наскоро не запре судирот, големи се шансите, преку еден милион лица да бидат раселени.

„Либан го доживува најголемиот бран на раселување во својата историја…Наш приоритет е да ја запреме тековната израелска агресија преку континуирани дипломатски напори. Немаме друг избор.“ – Наџиб Макати премиер на Либан.

Франција пак побара веднаш да прекинат израелските напади врз Либан а од армијата бара да не почне копнена операција во земјата. Од Елисејската палата ги повикаа Хезболах и Иран да се воздржат од секаква акција која може да доведе до дополнителна дестабилизација и ширење на конфликтот во регионот.

„Жители на Либан, мажи и жени, драги мои пријатели. Во време на конфузија и тага, надежта е ретка. Во оваа конфузија, во оваа тага, Франција стои покрај вас.“ – Емануел Макрон претседател на Франција.

Американскиот Стејт Департмент пак им нареди на дел од персоналот во амбасадата во Бејрут и членовите на нивните семејства да го напуштат либан поради ескалацијата на тензиите на Блискиот исток по убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала. Исто така се повикуваат и сите Американци да заминат од блискоисточната земја, со оглед на тоа дека сегашните ограничени опции за напуштање би можеле да станат недостапни доколку безбедносната ситуација се влоши.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Да не се грижи Спасовски и СДС, ДУИ не им го земаме

Следно

Трипуновски: Оваа година ќе имаме богата жетва и зголемен принос на ориз

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop