ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се “будали”, не е чудно што на анкетите им се случува пасокизација и дебакл

September 29, 2024
1 min read

Најостро ја осудуваме тешката навреда на СДС кон македонските граѓани дека се цитираме: “будали”, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквата тешка навреда изречена од некогаш сериозната партија СДС е само отсликување на состојбите внатре во партијата и нивната тотална безидејност. Внатре наместо разумот владее интересот за спас и бегство од одговорност од криминалите. Не е ни чудно што 30 посто според најновите анкети незнаат кој е лидер на СДС. Таму владеат децата на Заев, а пак Филипче не ја игра ниту улогата на статист. Затоа СДС има рејтинг кој е на ниво на стратистичка грешка, и 4 до 5 пати помал споредено со ВМРО-ДПМНЕ. Тие ликуваат и се радуваат што Македонија на патот кон ЕУ ја раздвоија од Албанија и тоа е нивната најголема награда и успех за работењето против својата држава. Откако го искрадоа народот сега го навредуваат дека е будала. СДС имаат криза на идентитет. Која се пресликува и во соопштенијата. Предавствата ги покажуваат како успеси, а кражбите за реформи, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваква навреда за народот не се случила историски ниту во времињата на Марија Антоанета или Луј 14ти или Хитлер и Мусолини. Бараме итно повлекување и јавно извинување од СДС, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 100 луѓе го загубија животот во поплавите во Непал

Следно

Италија подготвена да испрати трупи заедно со ОН за воспоставување палестинска држава

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако
Go toTop