ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ДОЛГОМЕТРАЖЕН АНИМИРАН ФИЛМ „ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА“ НА ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ФЕСТИВАЛОТ ВО СИТЏЕС ВО ШПАНИЈА

September 28, 2024
1 min read

„Јон Вардар против галаксијата”, првиот македонски долгометражен анимиран филм, ќе има светска премиера на 5 октомври на 57. издание на Филмскиот фестивал во Ситџес во Шпанија, еден од најстарите жанровски фестивали на светот, посветен на хорор и фантастика.

Филмот во режија на Гоце Цветановски е селектиран во фамилијарната секција на фестивалот и ќе има две прикажувања во ударни термини, при што второто ќе се случи на 11 октомври.

„Огромен успех е што светската премиера на ‘Јон Вардар‘ ќе се одржи на престижен фестивал од овој калибар и очекувам да продолжи со уште многу успешни прикажувања низ целиот свет. Филмот е веќе селектиран на уште еден голем филмски фестивал што ќе се одржи годинава“, кажа Цветановски.

Во најавата на филмот, што се правеше девет години, стои дека „‘Јон Вардар против галаксијата‘ ќе ве однесе меѓу планетите заедно со еден смотан човек, еден нарцисоиден робот и многу, многу вонземјани, кои ќе бидат во мисија да ја спасат галаксијата од самите себеси“.

Продуценти на филмот се Алан Кастиљо од „Линкс студио”, Ева Конрад, браќа Калинови и Ладо Скорин, арт директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Во главните улоги настапуваат Жарко Димовски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска.

„Бидејќи жанрот не познава возраст, фестивалот во Ситџес повторно ќе ги прикаже моментално најфасцинантните фамилијарни проекти од светот. Меѓу селектираните филмови годинава го откривме ‘Јон Вардар против галаксијата’ на Гоце Цветановски, првиот анимиран филм во историјата на Северна Македонија“, објавија организаторите на фестивалот.

Анимираниот филм е изработен со поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија, со копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска.

Г. КОНЕВ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски со честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Следно

Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери, ДЗР утврдил во спроведувањето на јавните набавки

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop