Истанбул: Турскиот претседател Ердоган се сретна со Изетбеговиќ, лидерот на СДА

September 27, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Истанбул се сретна со Бакир Изетбеговиќ, претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) на Босна и Херцеговина, известува Анадолу.

Ердоган и Изетбеговиќ се состанаа и разговараа во претседателската канцеларија во палатата Долмабахче во Истанбул. Средбата се одржа зад затворени врати.

Изетбеговиќ претходно го посети комплексот „Бајкара“ во Истанбул, водечката турска компанија во областа на одбранбената и авијациската индустрија и Бајрактар, креаторот на познатите беспилотни летала.

Во друштво на Селчук Бајрактар, претседател на Управниот одбор и главен директор за технологија на компанијата Бајкар, Изетбеговиќ ги посети капацитетите на компанијата каде се произведуваат беспилотните летала Бајрактар ТБ1, ТБ2 и ТБ3, ВТОЛ (авиони со вертикално полетување и слетување), Акинџи и Кизилелма, каде работат повеќе од 5.000 вработени на производството на постоечките и развој на новите производи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗЛАТЕН ПРЕСТИЖ ЗА ВЕДРАНА: Издвои победа врз сведска кадетска шампионка во таеквондо

Следно

Орбан: ЕУ направи историска грешка со Македонија

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop