НАТО со порака за солидарност со Туркије

February 13, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека земјите членки на НАТО се во силна солидарност со Туркије поради земјотресите што ја погодија земјата, јавува Анадолу.

Столтенберг ја започна прес-конференцијата организирана по повод Состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи на 14 и 15 февруари во Брисел, осврнувајќи се на земјотресите во Туркије.

„Нашите мисли се со турскиот народ“, рече Столтенберг, додавајќи дека земјите членки на НАТО испратиле бројни тимови во Туркије, меѓу кои спасувачи, пожарникари, здравствени работници и експерти за земјотреси.

Столтенберг рече дека земјите членки на НАТО ќе ѝ дадат на Туркије помош за засолнување од различен вид.

„Во силна солидарност сме со нашиот сојузник Туркије“, додаде генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш на 6 февруари, а бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите. Во земјотресите во Туркије животот го загубија најмалку 31.643 луѓе, додека во Сирија загинаа најмалку 3.575.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште едно чудо во Туркије: На осмиот ден од урнатините спасен 35-годишен маж

Следно

Починат маж и повредена жена пронајдени по пад од зграда во Центар

Latest from Blog

Седум трендови во патувањата што ќе ја обележат 2026: Ништо од она што сте навикнале досега

Трендовите во патувањата се менуваат секоја година, но врз нив силно влијаат настаните во светот: глобалната несигурност, климатските промени, порастот на цените и брзиот начин на живот. Токму затоа Би-би-си направи преглед

Џенифер Гарнер прв пат јавно проговори за разводот од Бен Афлек

Иако се разделија во 2015 година, а разводот беше финализиран во 2018 година, нивната приказна продолжува да ја интригира јавноста, пишува списанието Hello!. Најтешкиот удар не беше медиумскиот притисок Во интервју за
Go toTop