Затруени со храна 140 деца во О.У. Ѓорѓија Пулевски, мострите ќе покажат за каква бактерија станува збор

September 27, 2024
1 min read

Епидемиско труење со храна во основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ општина Аеродром – државниот здравствен и санитарен инспекторат ги чека резултатите од направениот вонреден инспекциски надзор за да ги потври првичните сомнежи, дека 140 ученици од прво до четврто одделение се затруле од храна откако јаделе мусака и благи бомбици. Храната во училиштето се набавува од надворешен оператор.

Од вкупно 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти или слични симптоми информира директорот на училиштето Александар Филипчев.

Учениците се пожалиле на стомачни тегоби, дијареа и повраќање, нема болнички хоспитализирани. Во сите одделенија од прво до четврто денеска, додека траеше земањето мостри не се одржуваше настава. Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат од одделението за епидемиологија при центарот за јавно здравје велат дека се во тек анализите.

– По добиените пријави ќе се изврши епидемиолошка анкета очекуваме како инспекторат да бидеме известени од нивна страна дека се работи за епидемиско труење со храна и ќе се постапи согласно Националниот протокол. ДЗСИ е во постојана комуникација со надлежните органи за понатамошно постапување. – ДЗСИ.

Од училиштетото официјално не го обелоденија името на фирмата која ја подготвува храната, рекоа дека во интерес на истрагата ќе ги почекаат резултатите по што во рамки на законските надлежностои ќе одлучат дали ќе го менуваат операторот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије ја одбележува годишнината од поморската победа кај Превеза и Денот на турските поморски сили

Следно

Муцунски: Неопходно е изнаоѓање мир преку дипломатски решенија и со почитување на територијалниот интегритет на земјите

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop