Филипче им честита на ВМРО-ДПМНЕ за единствените два проекти, враќањето на Ќосето и оградата пред Владата

September 27, 2024
1 min read

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето гостување на „Само интервју“ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за сериозни пропусти во управувањето и за влошување на безбедносната состојба во државата.

„Сè она што до сега го констатиравме е дека го прави ВМРО-ДПМНЕ, дека не прави ниту една друга партија, а тоа е дестабилизација, провокација, влошување на безбедносната состојба на границата со Косово, огромен број на убиства коишто не се расчистени. Имаат 10, ми се чини, во изминатиот период откога е ВМРО-ДПМНЕ на власт“, посочи Филипче.

Филипче ја нагласи и целосната безидејност на владејачката партија во однос на економските политики и зголемувањето на платите, додавајќи:

„Немање никаква идеја да се зголемат платите, единствено нешто со кое тие се фалат се некои инвестиции коишто ги спремила нашата Влада во изминатиот период.“

Сепак, тој признава два проекти како автентични на ВМРО-ДПМНЕ, за кои јавно им оддаде признание:

„Мора да им се признае и за два проекти коишто се нивни автентични и тука навистина треба да им се честита – им честитам и јас лично – а тоа е враќањето на споменикот на Ќосето и враќањето на оградата на Владата. Тоа се навистина проекти коишто се автентични на ВМРО-ДПМНЕ и тоа го направија како што треба.“

Претседателот на СДСМ повторно го истакнува недостигот на конкретни политики и стратегии од страна на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи ги нивните неуспеси во клучните области на управувањето.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ШЕСТ ПРЕТСТАВИ ОД РЕГИОНОТ ЌЕ ИГРААТ НА ФЕСТИВАЛОТ РУТА ВО СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАР ОД 15 ДО 20 ОКТОМВРИ

Следно

По повод Меѓународниот ден на Бошњаците вицепремиерот и министер Стоилковиќ се сретна со просветни работници кои предаваат на босански јазик

Latest from Blog

Астон Вила ја освои ЛЕ: Емери го донесе трофејот и во Бирмингем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила се нови освојувачи на трофејот во Лигата на Европа. Поранешниот европски шампион сега додаде трофеј во второто најважно европско натпреварување на своите витрини и докажа дека оваа е

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања

Јамал: Играме најдобар фудбал, веќе можам да си замислам дека ќе го освоиме Светското првенство!

ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB Ѕвездата на Барселона и Шпанија, Ламине Јамал, верува дека „Црвената Фурија“ може да триумфира со титулата на Светското првенство ова лето. Шпанците се едни од фаворитите за
Go toTop