Мицкоски по средбата со ИРИ: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

September 25, 2024
1 min read

Денеска на мое големо задоволство во организација на Меѓународниот Републикански Институт заедно со невладиниот сектор и дел од членовите на Владата имавме можност да поразговараме за една тема која што претставува акутен проблем за нас како држава, а тоа е високото ниво на криминал и корупција и борбата против ова високо ниво на криминал и корупција. А како дополнување зборувавме и за доброто владеење, нешто кое што исто така претставува императив за оваа Влада. Се надевам дека во периодот кој што следи сите овие разговори ќе имаат свој ефект врз работењето на Владата, да бидам по прецизен убеден сум, бидејќи од страна на Владата постои огромна желба, но истовремено и посветеност токму кон овие проблеми кои што се акутни во Македонија како држава.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој воедно и изрази голема благодарност до Меѓународниот Републикански Институт кој што го фасилитира овој процес.

-Уште еднаш да го појаснам односно да го изразам задоволството на Владата што може да присуствува и да разговара со невладиниот сектор, бидејќи борбата со криминал и корупција мора да биде одлучна, без да победиме во таа борба не можеме да имаме развиена држава, не можеме да имаме подобри услови и подобар стандард на граѓаните.

А нас, како Влада цел ни е да направиме се што е во наша моќ да обезбедиме подобри услови за живот, но, и подобар стандард на нашите граѓани, бидејќи тоа е она кое што граѓаните од нас го очекуваат и тоа е она за кое што граѓаните гласаа неколку месеци и на претседателските и на парламентарните избори.

Заедно со невладиниот сектор, заедно со Меѓународниот Републикански Институт убеден сум дека ќе направиме многу, додава Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одложено повтореното судење за модуларната болница

Следно

ВМРО-ДПМНЕ ги склучила штетните договорите што ги чинат граѓаните 1,3 милијарда евра во арбитражните постапки

Latest from Blog

БВ ИНЖЕНЕРИНГ: Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот

Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот. До завршување на градежните активности и официјалното предавање на објектот за употреба на инвеститорот, забрането е движење

Тачи: Нема документ за поделба на Македонија, идејата беше пласирана од УДБА

Лидерот ДПА, Мендух Тачи, по оддавањето почит по повод годишнината од смртта на Арбен Џафери, реагираше на тврдењата на Али Ахмети за наводен документ што предвидувал поделба на Македонија. Тачи истакна дека

Претседател на Федерација тајно застана зад Инфантино, во УЕФА се бесни!

Нова контроверзност го тресе европскиот фудбал, а вниманието е насочено кон претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Според новинарот Ромен Молина, Дијало наводно го поддржува
Go toTop