УЕФА: Финалето на Лигата на шампиони 2027, сепак, нема да се игра во Милано

September 24, 2024
1 min read

Финалниот натпревар од елитната фудбалска Лига на шампиони во 2027 година нема да се одигра на миланскиот стадион „Сан Сиро“ како што првично беше планирано, соопшти вечерва Европската фудбалска организација (УЕФА).

Одлуката е донесена на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Прага, откако градот Милано не доставил гаранција дека реновирањето на стадионот и неговата околина навреме ќе биде завршено.
УЕФА најави дека одлуката во кој град и стадион ќе се игра финалето од Лигата на шампиони во 2027 година ќе биде донесена идниот мај или јуни.

Финалето на тековната сезона во Лигата на шампиони ќе се одржи на „Алијанц Арена“ во Минхен на 31 мај следната година, додека Будимпешта ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампиони во 2026. (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Земјотрес вечерва го стресе Скопје

Следно

Земјотрес од 2,9 степени повторно го потресе Скопје

Latest from Blog

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за
Go toTop