Ердоган пред Генералното собрание на ОН: „Што чекате за да го спречите геноцидот во Газа?“

September 24, 2024
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја повика меѓународната заедница да го спречи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што тоа го направи пред повеќе генерации со нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, јавува Анадолу.

„Ставот на Израел уште еднаш покажа дека е од суштинско значење меѓународната заедница да развие механизам за заштита на палестинските цивили“, рече Ердоган во своето обраќање на 79. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.

„Како што Хитлер беше запрен од сојузот на човештвото пред 70 години, така и Нетанјаху и неговата мрежа за убиства мора да бидат запрени од сојузот на човештвото“, порача турскиот претседател.

„Што чекате за да го спречите геноцидот во Газа и да кажете стоп на оваа опресија и варварство?“, ги праша Ердоган присутните.

Пред своето обраќање, тој изрази задоволство што го видел претставникот за Палестина во ОН, на местото што „го заслужува меѓу земјите членки, по долгата борба“.

Турскиот претседател додаде: „Посакувам овој историски чекор да биде последна фаза на патот кон членството на Палестина во Обединетите нации. Ги поканувам и другите држави, кои сѐ уште не го сториле тоа, да ја признаат државата Палестина што е можно поскоро и да го заземат своето место на вистинската страна од историјата во овој многу критичен период“.

Осврнувајќи се на израелскиот напад врз Појасот Газа, Ердоган рече дека од минатиот октомври, кога Израел ја започна својата немилосрдна офанзива, убиени се над 41.000 Палестинци.

Повеќе од 17.000 деца беа цел на израелските куршуми и бомби, посочи Ердоган и додаде:

„Како резултат на нападите на Израел, Газа стана најголемата гробница на деца и жени во светот“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Муртезани: Членките на ЕУ се подготвени да ни помогнат за побрзо заокружување на пристапниот процес

Следно

Мемов од ЗНАМ именуван за нов директор на ПИОМ

Latest from Blog

Детален преглед за состојбата на патиштата

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може
Go toTop