После светската премиера во Данска, краткометражниот филм „Мала шега“ вечерва на ИФФК „Браќа Манаки“

September 24, 2024
1 min read

Краткометражниот филм „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски денеска во 17 часот ќе биде прикажан на Интернационалниот фелстивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Кинематографер е Сергеј Сарчевски. Продуцент на филмот е „ДНФ Филмс“, а во копродукција со ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска. На филмот соработуваат „Вардар филм“, а е поддржан од Агенцијата за филм и Хрватскиот аудиовизуелен центар.

„Мала шега“ раскажува приказна за тинејџерска љубов и авантура. Продуцент и монтажер е Гоце Кралевски, а копродуценти се Сашка Цветковска и Адријана Пруговечки. Дизајнер на продукцијата е Александра Петкова. Композитор е Мартина Силјановска, а за костимографијата одговорна беше Марта Дојчиновска. Главните улоги ги толкуваат Јана Никодиновска и Марко Илиевски.

„Мала шега“ е приказна за љубовта и најстрашното нешто во животот на еден тинејџер – анксиозноста од она што претстои. Како што Надија се приближува кон крајот на своето средношколско патешествие, таа се соочува со клучна одлука што ќе ја обликува нејзината иднина. Дали треба да остане во својот роден град меѓу познатото и нејзините стари пријатели? Или треба да оди во странство и да студира? Едно момче ја прави оваа одлука особено тешка да се донесе. Кога чувствата се само другарски, а кога нешто повеќе? Оваа внатрешна борба се развива во позадина на една опасна авантура која секогаш се чини дека кулминира со исповедта „Те сакам, Надија!“

Ситниковски е млад режисер кој работи во филмската индустрија повеќе од десет години и има снимено повеќе од десетина кратки играни филмови и документарни филмови, а моментално работи како режисер на истражувачкиот документарен серијал „Редакција“ во копродукција на Истражувачка репортерска лабораторија и Македонскиот јавен сервис. Овој филм е воедно и прва продукциска работа на ИРЛ на играна содржина во рамки на нивната програма за поддршка на млади филмски автори кои делуваат во областа на филм од јавен интерес.

Приказната за тинејџерската љубов и стравот од иднината, која е инспирана од истоимениот расказ „Мала шега“ од Антон Павлович Чехов наиде на огромен интерес од публиката.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Израел погоди 1.600 цели на Хезболах, над 500 загинати

Следно

Утре со локални поројни дождови, од четврток до сабота сончево и топло

Latest from Blog

ФИЛХАРМОНИЈАТА СЛАВИ 80 ГОДИНИ СО ПРЕМИЕРА НА ДЕЛО ОД АНА ПАНДЕВСКА, СИМОН ТРПЧЕСКИ ЌЕ СВИРИ ДЕЛО ОД ГРИГ

„80 години – Љубов!“ е насловен славеничкиот коцерт на Филхармонијата, кој ќе се одржи на 28 ноември (20 часот) во чест на 80 години од основањето. На програмата е светска премиера на

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

Министерот за здравство, Арбен Таравари посочи дека има сознанија оти функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства. Тој не спомена конкретни имиња. – Колку што имам информации, процедурите течат, некои функционери

Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија, започна изградба на детска градинка во Кисела Вода

Сите овие проекти се прават за најмладите, за оние на кои што им е потребно да своите најрани години ги поминуваат во објекти, каков што ќе биде овој за отприлика според рокот,

Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ и смета дека нема да бидат конструктивна опозиција. – Ние не може да кажеме какво раководство треба да има СДСМ,
Go toTop