МОФ и „Млад знак“ повикаа на подигнување на свеста за знаковниот јазик

September 23, 2024
1 min read

Знаковниот јазик не е само алатка за комуникација, туку и средство за остварување на правата и достапноста на информации за лицата со оштетен слух. Неопходно е подигнување на свеста за важноста на овој јазик, порачаа Младинскиот образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ кои под слоганот „Слушни ме“ денеска го одбележаа Меѓународниот ден на знаковниот јазик.

Во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат, МОФ и „Млад знак“ денеска овозможија пет члена од глувата заедница да се качат на сцената на Младинскиот културен центар и да ги раскажат своите приказни, достигнувања и предизвиците со кои се соочиле низ животот.

– Колективно повикаа на подигнување на свеста за важноста на знаковниот јазик и неговото место во општеството, истакнувајќи дека знаковниот јазик не е само алатка за комуникација, туку и средство за остварување на правата и достапноста на информации за лицата со оштетен слух, пренесуваат од МОФ.

Оттаму дополнуваат дека во моментот има толкувачи по знаковен јазик кои не можат да работат како образовни асистенти бидејќи немаат високо образование, иако можат да обезбедат посоодветна поддршка за децата. Важно е да се разбере дека секое глуво дете не перцепира информации на ист начин, и треба образованието да се прилагоди според индивидуалните потреби.

– Потребно е да се воведуваат практични решенија, кои ќе бидат соодветни на потребите на глувите и наглуви лица, а истовремено лесно применливи од страна на институциите и останатите даватели на услуги. На пример, во некои држави постојат системи преку кои можеш директно да поднесеш барање за знаковен толкувач, што може да послужи како пример за развој на слични системи во нашата земја, дополнуваат од МОФ.

На настанот се обратиле Мартин Ангелов – сопственик на приватен бизнис во Битола, Христина Божиновска Ѓикова – дефектолог во ДУЦОР „Партенија Зографски“, Скопје, Лазена Ордева од Свети Николе, Дурак Демиров, ученик во ДУЦОР „Партенија Зографски“, и Соња Кимова Делевска – толкувач на знаковен јазик и дете на глувонеми родители (CODA).

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Муцунски за средбата со Герапетритис: Ќе работиме да ги реализираме обврските од Преспанскиот договор

Следно

Тер Штеген успешно опериран

Latest from Blog

Според израелските медиуми, Нетанјаху го одобрил прекинот на огнот во Либан

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските медиуми објавија дека премиерот Бенјамин Нетанјаху одобрил прекин на огнот со Хезболах во Либан, известува Анадолу. Според веста што ја објави израелската државна телевизија КАН, администрацијата на Тел

40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче не можат да донесат ништо ново и добро ни во СДС, ниту во Македонија

Венко Филипче не е ново лице на македонската политичка сцена. Венко Филипче е стар и истрошен лик, облечен во ново руво, наречено претседател на СДС. Филипче е лице кое што на македонската

Детален преглед за состојбата на патиштата

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може
Go toTop