Туркије: 31.643 загинати во земјотресите кои минатата недела ги погодија јужните делови на земјата

February 13, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 31.643 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Туркије на 6 февруари, соопшти денес Агенцијата за справување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД), пренесува Анадолу.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш на 6 февруари, а бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Неколку земји во регионот, меѓу кои и Сирија и Либан, ги почувствуваа силните земјотреси што ја погодија Туркије за период од помалку од 10 часа.

Над 238.459 лица моментално се вклучени на терен во акциите за пребарување и спасување, се вели во соопштението на АФАД.

Оттаму додадоа дека досега од регионите погодени од земјотресот евакуирани се 158.165 лица.

Турското Министерство за надворешни работи денес соопшти дека вкупно 9.793 лица од 74 земји моментално се вклучени во акциите на терен.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина испраќа помош, но не и нови тимови во областите погодени од земјотресот

Следно

Ја славиме љубовта: Празничнo мени во Skopje Limak Hotel

Latest from Blog

Мицкоски: Буџетот е во добра состојба благодарение на домаќинското работење на Влада

Буџетот е во добра состојба и има доволно средства поради домаќинското работење на оваа Влада, вели премиерот Христијан Мицкоски и како што додава, затоа може да се донесе мерката за намалување на

Цените на становите одат кон рекордни 5.000 евра ако нема нови ДУП-ови вели Николовски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, предупреди на сериозни последици за пазарот на недвижности доколку продолжи трендот на блокирање на нови детални урбанистички планови (ДУП) во Скопје. Според него, ограничувањето на
Go toTop