Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз.
На средбата, министерот Николоски ги потврди добрите билатерални односи со Шпанија, нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Шпанија во процесoт на интергација на земјата во Европската Унија.
Посебен фокус на средбата се стави на можноста на воспоставување на нови авиолини меѓу двете земји, притоа министерот Николоски го запозна амбасадорот Сориано Ортиз со условите од веќе објавениот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид.
Исто така министерот Николоски го информираше амбасадорот и за инвестиционата програма во делот на инфраструктурата.
Македонија е земја која нуди конкурентни услови за инвестирање, потенцираше министерот Николоски, упатувајќи повик до заинтересирани компании од Шпанија да инвестираат во земјава.
На средбата беа разменети и мислења и ставови и за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот.
Министерот изрази благодарност за досегашната соработка а двајцата соговорници се согласија за интензивирање на таквата соработка меѓу Македонија и Шпанија.
ИЗВОР: kurir.mk