Средба Муцунски – Герапетритис во Њујорк

September 23, 2024
1 min read

Муцунски – Герапетритис на прва билатерална средба на шефовите на диполматиите  на маргините на Генералното собрание на ОН на која според информациите од МНР ќе се разговара за најактуелни регионални и меѓународни теми, како и за понатамошно продлабочување на билатералните односи и економската соработка помеѓу двете земји“.

Шефот на дипломатијата Муцунски е дел од македонската делегација на Генралното собрание во ОН, која ја предводи претседателката Годрана Сиљановска Давкова. Таа ќе има свое обраќање на Генералната дебата во четврток, а во меѓувреме синоќа имаше свој говор и на Самитот на иднината во Обединетите Нации.

Од кабинатот на претседателката велат: 

– Tреба да се стави крај на непочитувњето, преку примената на селективна примена на повелбата како во македонскиот случај. Како прва жена македонски претседател, жестоко се залагам за повеќе жени на највисоките позиции и лично ги исполнувам овие обврски. Верувам дека пактот за иднината, глобалниот дигитален договор и делкарацијата за идните генерации се цврста и инспиративна рамка за градење на иднина во која мирот, просперитетот и правдата нема да бидат прекршувани“. 

Информациите во однос на средбата пак меѓу двајцата министри се штури и во Атина. Од грчкото МНР највија дека Герапетритис денеска ќе учествува на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан”, во присуство на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, а потоа и на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, на чиј дневен ред се случувањата на Блискиот Исток и Украина. За средбата со македонскиот колега нема детали само кратко наведуваат 

„На маргините на работата на Генералното собрание, г-дин Герапетритис ќе има одделни билатерални средби со министрите за надворешни работи на Боливија, Северна Македонија, и Саудиска Арабија“, соопшти грчкото МНР. 

За време на учеството на Генералното собрание на ОН во Њујорк предвидено е Сиљановска Давкова даоствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Инаку, острите реакции од Атина кои ги затегнаа однсоите меѓу двете земји, почнаа токму по нејизната инаугурација кога избегна да употреби „Северна“.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Наградената новинарка Моири: „Istanbul Photo Awards“ е еден од добрите натпревари за новинари

Следно

Камала Харис пред Трамп на последните анкети

Latest from Blog

Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија, започна изградба на детска градинка во Кисела Вода

Сите овие проекти се прават за најмладите, за оние на кои што им е потребно да своите најрани години ги поминуваат во објекти, каков што ќе биде овој за отприлика според рокот,

Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ и смета дека нема да бидат конструктивна опозиција. – Ние не може да кажеме какво раководство треба да има СДСМ,

Палестинците принудени да мигрираат поради нападите на Израел, се борат со дождот и студеното време

ДЕИР БАЛАХ / ХАН ЈУНИС (АА) – Палестинците бегајќи пред израелските напади, живеат во импровизирани шатори. Со доаѓањето на студениот бран, Палестинците во шаторските населби во градовите Хан Јунис и Деир Балах
Go toTop