АТИНА (АА) – Најмалку тројца мигранти загинаа при превртување на чамец кај грчкиот остров Самос, пренесува Анадолу.
Тие загинаа при превртување на пластичен чамец со околу 33 мигранти во југозападниот залив Агиос Исодорос на островот, јави државната телевизија ЕРТ.
Петмина од нив стигнаа до брегот, а во тек е опсежна операција за пребарување и спасување за лоцирање на 25 исчезнати мигранти, се додава.
Телевизијата јави дека во областа имало силен ветер.
Извор: Anadolu Agency (AA)