Ердоган: Врските меѓу Туркије и Србија продолжуваат да се зајакнуваат на секое поле

September 23, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот српски колега Александар Вучиќ вчера разговараа за билатералните односи и регионалните и глобални прашања, јавува Анадолу.

Состанокот зад затворени врати во Турскиот дом се одржа на маргините на 79-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Ердоган му кажа на Вучиќ дека билатералните односи на Туркије со Србија продолжуваат да се зајакнуваат на секое поле и дека диверзификацијата и развојот на областите на соработка ќе продолжат со „голема одлучност“, соопшти Директоратот за комуникации на Туркије.

Ердоган додал дека продолжувањето на процесот на дијалог помеѓу Србија и Косово е „суштинско“.

Осврнувајќи се на тековната израелска војна во Појасот Газа, турскиот претседател рече дека се случува „голема човечка трагедија“ во опколената енклава поради израелската „агресија“.

Тој нагласи дека меѓународната заедница „мора да дејствува едногласно за да ги запре масакрите“.

Ако обидите на Израел да го прошири конфликтот во целиот регион не бидат спречени, светскиот мир ќе се соочи со „поголема опасност“, порача Ердоган, истакнато е во соопштението.

Туркије ја гледа Србија како важна земја за стабилноста на регионот и ја поддржува нејзината интеграција во Европската Унија.

Билатералните односи со Србија напредуваат позитивно, а трговските и економските односи се развиваат со силен импулс.

Советот за соработка на високо ниво Туркије-Србија е формиран во 2017 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Месина за Димитријевиќ: Заслужи да биде МВП

Следно

Македонски државјанин фатен на граница откако предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово

Latest from Blog

Детален преглед за состојбата на патиштата

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може
Go toTop