Зеленски во САД за да му го претстави својот „план за победа“ на Бајден

September 23, 2024
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа пристигна во САД каде на американскиот претседател Џо Бајден ќе му ги претстави деталите од неговиот „план за победа“ со цел да се стави крај на руската инвазија, уверувајќи дека оваа есен ќе биде одлучувачка.

– Пристигнавме во САД. Главната цел е да ја зајакнеме Украина и да го заштитиме целиот наш народ. Оваа војна може да заврши само со праведен мир благодарение на меѓународните напори, напиша Зеленски на Х.

– Планот за победа на Украина ќе биде на масата на нашите сојузници, додаде тој.

Во видео-пораката од авионот објавена на истата мрежа, Зеленски рече дека прво оди во американската сојузна држава Пенсилванија по „специјална порака“, пред Њујорк и Вашингтон.

Во пораката од Скрентон, Пенсилванија тој информира дека посетил фабрика која произведува артилериски гранати од 155 милиметри.

– Сега, за нашите војници кои ја бранат не само нашата земја, не само Украина, фабриката ќе го засили производството. Посетата на САД ја започнав со изразување благодарност до сите вработени во фабриката и со постигнување договори за проширување на соработката меѓу Пенсилванија и нашата Запорожје. На места како ова навистина можете да почувствувате дека демократскиот свет може да надвладее. Благодарение на луѓето како овие – во Украина, во Америка и во сите земји партнери – кои неуморно работат за да се осигураат дека животот е заштитен, напиша Зеленски.

Зеленски во САД планира да им го претстави планот на „сите лидери на земјите партнери“, како и во американскиот Конгрес и двајцата кандидати за претседателските избори во САД, демократската кандидатка, потпретседателката Камала Харис и републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп.

Зеленски ќе се обиде да го убеди Бајден да му дозволи на Киев да користи западно оружје со долг дострел за да гаѓа цели во Русија, за што тој верува дека може да го промени текот на војната.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Макс Ферстапен се повлекува од Формула 1?

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

Latest from Blog

Според израелските медиуми, Нетанјаху го одобрил прекинот на огнот во Либан

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските медиуми објавија дека премиерот Бенјамин Нетанјаху одобрил прекин на огнот со Хезболах во Либан, известува Анадолу. Според веста што ја објави израелската државна телевизија КАН, администрацијата на Тел

40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче не можат да донесат ништо ново и добро ни во СДС, ниту во Македонија

Венко Филипче не е ново лице на македонската политичка сцена. Венко Филипче е стар и истрошен лик, облечен во ново руво, наречено претседател на СДС. Филипче е лице кое што на македонската

Детален преглед за состојбата на патиштата

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може
Go toTop