Николовски: Царинската управа трет месец со повисоки приходи, на сите граници се става во функција интелигентен систем за препознавање на регистарски таблички и видео надзор

September 22, 2024
1 min read

Приходите што ги наплатила Царинската управа веќе трет месец се повисоки во однос на лани, што покажува дека дисциплината е на високо ниво. Наскоро ќе биде ставен во функција и системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички, кој ќе препознава лица, возила, ќе алармира за сомнителни движења, но и кога има оптовареност на лентите на граничните премини. Воедно, за многу скоро време се очекува и царинските службеници на 5 гранични премини да бидат опремени со боди камери. Ова беа дел од клучните пораки на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски во вчерашниот Дневник на Македонска Радио Телевизија во 19.30 часот.

Николовски потенцира дека во Царинската управа работат врвни професионалци, а за оние што нема да покажат резултати како што рече нема да има простување. Во август се отпочнати 18 дисциплински постапки. Царинската политика согласно приоритетите на Владата, под водство на премиерот Христијан Мицкоски, се темели на два столба – економска трансформација и сузбивање на криминалот и корупцијата.

Согласно поставените приоритети во моментов интензивно се работи на повеќе проекти и реформски политики.

Покрај системот за видео надзор Николовски вели дека интензивно се работи на отпочнување на проектот за автоматизација на терминалите со грант од ЕУ којшто значително ќе придонесе за забрзување на транспортот и олеснување на трговијата. Проектот подразбира замена на постоечките ваги со дигитални, како и дигитални рампи.

Воедно, веќе се работи на усогласување на смените со Агенција за храна и ветеринарство.

Во делот на сузбивање на криминалот унапредена е соработката со Бирото за јавна безбедност, а со УЈП е договорено размена на податоци и уште поважно нивно мечирање.

Електронска размена на податоци е договорена и со Државниот завод за статистика и со Народната банка на што исто така интензивно се работи.

За зајакнување на партнерските односи со бизнис заедницата по пауза од две години е реактивирано и Советодавното тело каде членови покрај Царинската управа се стопанските комори и асоцијациите.

Ова се само дел од отпочнатите активности, при што директорот Николовски рече дека ќе бара конкретни резултати кои ќе бидат видливи и мерливи преку зголемување на конкурентноста на македонската економија и сузбивање на криминалот и корупцијата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

[Фото] 100-тиот роденден на Скопско како голем културен и настан за дружба, пронајдете се во галеријата

Следно

Вооружени напаѓачи убиле тројца полицајци во југозападен Пакистан

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop