Вардар, Пелистер, Алкалоид со нови победи во првенството

September 22, 2024
1 min read

Нови  победи за фаворитите Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 на средбите од третата рунда од ракометната Супер Лига.

Актуелниот шампион како гостин го доби соочувањето со Бисинов со 41-21 во дуел во кој репрезентативецот Кузмановски „експлодираше“ со 13 погодоци.

Со ова „зелено-белите“ го задржаа максималниот учинок пред дербито со Вардар во наредното коло.

Токму „црвено-црните“ рутински се справија со Радовиш со 29-16 во средба во која бекот Маргели беше незадржлив на теренот со дури 14 реализации.

Алкалоид пак беше подобар од Бутел со резултат 34:27. Избраниците на Лазаров ги добија двете полувремиња, најефикасни беа крилата Бинго и Костески со 7 и 6 голови.

Триумфи на останатите денешни средби остварија екипите на Охрид и Струга.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Сиљановска Давкова на литургија по повод Мала Богородица во црквата Свети Никола во Њу Џерси, и на средба со нашинци од дебарско

Следно

Урлих: Алкохолот и дрогата ме турнаа во дупка

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop