Министерот за одбрана со почит до бранителите и нивните семејства како вистински херои на Македонија

September 21, 2024
1 min read

БРАНИТЕЛИТЕ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА СЕ НАШИТЕ ВИСТИНСКИ ХЕРОИ, вели министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој присуствуваше на заеднички ручек со семејствата на загинатите бранители и претставниците на Здружението „Херои на Македонија“.

-Голема почит за секој татко, мајка, сопруга и дете на нашите бранители. Вашата сила е нашата инспирација.
Денеска имав чест да ги посетам и присуствувам на заеднички ручек со семејствата на загинатите бранители и претставниците на Здружението „Херои на Македонија“, каде што како министерство за одбрана оваа година ги помагаме семејствата со тоа што организиравме бесплатен одмор во одморалиштето „Св. Стефан“ во Охрид.
Разговаравме со семејствата и дадов уверување дека активно ќе се залагам за интензивирање на помошта и поддршката кон семејствата на загинатите бранители, затоа што жртвата која македонските херои ја дадоа за нашата татковина нè задолжува да направиме сè што е во наша надлежност да им излеземе во пресрет за нивните барања и потреби.
Да се гордееме на бранителите и да се огледаме на нивната недвосмислена решителност за одбрана на Македонија.
Тоа е вистинска љубов кон Македонија!, пишува Мисајловски на Фејсбук.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кремљ состави список од 47 „непријателски земји“, на него е и Македонија

Следно

Христијан Мицкоски денеска повторно излажа

Latest from Blog

Мицкоски очекува тендерот за автобуси за јавниот градски превоз да се распише до крајот на годината

Електричните автобуси за јавниот градски превиз ќе се набавуваат на тендер кој се очекува да се распише до крајот на годината, техничката документација се подготвува, заинтересираните компании ќе можат да се пријават,

ФИЛХАРМОНИЈАТА СЛАВИ 80 ГОДИНИ СО ПРЕМИЕРА НА ДЕЛО ОД АНА ПАНДЕВСКА, СИМОН ТРПЧЕСКИ ЌЕ СВИРИ ДЕЛО ОД ГРИГ

„80 години – Љубов!“ е насловен славеничкиот коцерт на Филхармонијата, кој ќе се одржи на 28 ноември (20 часот) во чест на 80 години од основањето. На програмата е светска премиера на

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

Министерот за здравство, Арбен Таравари посочи дека има сознанија оти функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства. Тој не спомена конкретни имиња. – Колку што имам информации, процедурите течат, некои функционери

Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија, започна изградба на детска градинка во Кисела Вода

Сите овие проекти се прават за најмладите, за оние на кои што им е потребно да своите најрани години ги поминуваат во објекти, каков што ќе биде овој за отприлика според рокот,
Go toTop